МТФ 57 (2023)

ВРАЌАЊЕ ДОМА

57. фестивал се случи од 9 до 16 јуни 2023 година во Прилеп. Освен на сцените во театарот „Војдан Чернодрински“ и во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, беа отворени и повеќе фестивалски зони на неколку места низ градот.

Програмата беше насловена „Враќање дома“, со цел фестивалот и симболично и практично да ги врати дома сите театарски уметници, а градот Прилеп да биде вистински град домаќин.

 

Организациски одбор

Уметнички директор:
д-р Ана СТОЈАНОСКА

Секретар на МТФ:

Стојан ДАМЧЕСКИ 

Продукциски координатор: 
м-р Петар АНТЕВСКИ

Финансиски координатор:
Ангела СТОЈАНОВСКА

Координатор на едукативна програма: 
Милош АНДОНОВСКИ 

Односи со јавност: 
Сребра ЃОРЃИЈЕВСКА

Медиа програма:
Јована ЃОРЃИОВСКА: 

Продукциски асистенти:
Андреа МАРКОСКА 
Рамона Моња КОЧИШКА

Собрание на МТФ:
Сашо ДИМОСКИ – НУЦК „Ј. Х. К. Џинот“ – Велес,
Катерина ИЛИЕВСКА СИЛЈАНОВСКА – НУ Театар за деца и младинци – Скопје,
Иван ЈЕРЧИЌ – НУ Народен Театар – Битола,
Адем КАРАГА – НУ Албански Театар – Скопје,
Трајче КАЦАРОВ – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип,
Јасмина МИЦОВСКА СТАНКОСКА – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
Беким САЛИУ – НУ Тетовски театар – Тетово,
Горан СИМОНОСКИ – НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид,
Драган СПАСОВ – НУ Драмски Театар – Скопје,
Дарко Јан СПАСОВ – НУ Театар „Комедија“ – Скопје,
Танкица СТОЈАНОВА – НУЦК „Антон Панов“ – Струмица,
Несрин ТАИР – НУ Турски Театар – Скопје,
Мими ТАНЕВСКА СРБИНОВСКА – ФДУ – Скопје,
Сашо ТОДОРОВСКИ – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово,
Дијана ТОСКА – НУ Албански театар за деца и млади – Скопје,
Симона УГРИНОВСКА – НУ Македонски народен театар – Скопје.

 

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО се доделува на:
  • Петар Мирчевски 
  • Петар Темелковски 

1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ се доделува на Сашо Илковски  за претставата „My name is Medeja“, во изведба на Народен театар – Битола

2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА се доделува на Симон Симоновски за претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ во изведба на Драмски театар –  Скопје
 
3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА се доделува на Дранго Ивануша за претставата „My name is Medeja“, во изведба на Народен театар – Битола.
 
4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА се доделува на Елена Вангеловска и Раде Василев за претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, во изведба на Драмски театар – Скопје.
 
5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА се доделува на Константин Трпеновски – за претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, во изведба на Драмски театар – Скопје.
 
6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА се доделува на Лидија Митоска – Ѓорѓиевска  за претставата „Мистерија Буфо“ според Даријан Фо, во изведба на театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп. 

7. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ не се доделува.

8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ се доделува на Хакан Даци  за улогата на Катуријан во претставата „Човек перница“, во изведба на Турски театар – Скопје, во копродукција со Машина Продакшн и Пик Продукција 

9. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА се доделува на Матеа Јанковска за улогата на Роња во претставата „Роња – ќерката на ограбувачот“, во изведба на Театар за деца и младинци – Скопје

10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА се доделува на Емилија Мицевска  за улогата на Џуди во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, во изведба на Драмски театар – Скопје

11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ се доделува на Дин Ибрахим  за улогата на Михаил во претставата „Човек перница“, во изведба на Турски театар – Скопје, во копродукција со Машина Продакшн и Пик Продукција 

12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Дамјан Цветаноски  за улогата на Кристофер во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, во изведба на Драмски театар – Скопје

13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Ирина Чоревска  за улогата на Медеја во претставата „My name is Medeja“, во изведба на Народен театар – Битола

14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА се доделува на Себастијан Хорват  за претставата „My name is Medeja“, во изведба на Народен театар – Битола

15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА се доделува на „My name is Medeja“ од Милан Рашмак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, во изведба на Народен театар Битола

Настани во придружната програма

  • 9.6.2023 – Отворање на ретката и роднокрајната збирка во Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп , Автор во фокус: Коле Чашуле 
  • 10.6. – 14.6.2023 – Детска зона: „Чернодрински за деца“ – поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“.
  • 9.6. – 14.6.2023 – Фестивалски зони – Фестивалот „Војдан Чернодрински“ оваа година го славеше театарот на сите можни начини и локации. Во соработка со групата „Театроск“ од Скопје, предводена од Војо Цветановски и студенти од Факултетот за драмски уметности, имаше нивни настапи на уличен театар и на средновековните Скомрахи. 
  • 11.6.2023 – Промоција на театарска литература 
  • 12.6.2023 – Промоција на Еуродрам
  • 13.6.2023 – „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ – меѓународна конференција 
  • 9.6. – 14.6.2023 – Аудиособа – На 57. издание на Фестивалот, публиката за прв пат имаше можност да преслушува авторска театарска музика доставена на јавен повик. Во соработка со платформата за аудиокниги „Самоглас“ и „Донирај компјутер“, заинтересираните можеа да ја преслушаат театарската музика создадена од композиторите/ музичарите: Ставре Ангелаков (за претставите Бунтот на Каин и Креонт и Антигона), Гала Насева (за Лето во кое те нема и Заминувања), Албин Сопа (за Моли), Томе Темелкоски (за Едип коментари и Мурлин Мурло), Јане Трајковски (за Горчливите солзи на Петра фон Кант, Орестија ¼ и Процес), Лука Тошев (за Грета, Разнесени и Кога цветаа тиквите) и ИСКРА (за Иднината е приватна). 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

БИЛТЕНИ 2023

БИЛТЕН 1

БИЛТЕН 2

БИЛТЕН 3

Слични Објави