ПОСЛЕДНИОТ БАЛКАНСКИ ВАМПИР
Автор: (по текст на Дејан Дуковски)
Режија: Александар Поповски
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 16.06.2023 во 20:00
Претстава во чест на наградените
Асистент на режисерот: Јуш Зидар
Преведувач од македонски јазик: Вера Василиќ
Драматург: Николина Ѓукановиќ Сценографи: Александар Поповски и Жељко Пишкориќ
Костимограф: Миа Поповска
Асистент на костимографот: Миња Давидовиќ
Композитор: Марјан Неќак
Кореограф: Сташа Зуровац
Играат
Тања Пјевац – Вдовица, Ненад Пеќинар – Курта, Милован Филиповиќ – Мали, Марко Марковиќ – Авет, Игор Павловиќ – Кмет, Милорад Капор – Поп, Душан Јакишиќ – Вампирче, Бранислав Јерковиќ – Вампир, Вишња Обрадовиќ – Анѓелина, Јована Балашевиќ – Јана, Јована Стипиќ-Радошевиќ – Ѓурѓа
Техничка екипа
инспициент и суфлер: Срѓан Стојновиќ; мајстор на светло: Никола Маринков; мајстор на тон: Владимир Огњеновиќ.
Кога прв пат правев претстава на тема Дракула и вампири, судбината ме спои со човек роден во местото во кое е роден и Влад Цепеш, попознат како Дракула. Човекот ми го покажа портретот на Влад Цепеш и гордо ми го покажа својот профил. Тоа беше истата личност. Побарав да ми раскаже сѐ за вампирите. На тоа, тој скокна и почна да ме навредува, дека не знам ништо, дека Романија никогаш немала вампири и дека Влад бил голем владетел и човек. Подоцна дознав дека бил во право, Романија нема вампир во својата митологија, а го добила благодарение на Брам Стокер кој својот роман, што на почетокот се викал Гроф Вампир, подоцна го менува во Гроф Дракула поради записи кои ги нашол поврзани со Влад Цепеш.
Но… ние имаме вампири. Тромеѓата меѓу Македонија, Србија и Бугарија во своите митови и народни преданија содржи приказни за вампири. Нашите вампири се малку поинакви од оној класичниот. Тие пеат и танцуваат по крововите и серат низ оџаците, и спијат со стоката… Кај Марко Цепенков постои приказна за познатиот ловец на вампири од Прилеп. Неговото име е Курта и тој, како што вели легендата, настанал од повампирен татко. Дејан Дуковски уште на академија го напишал првиот текст на темата со Курта. Во ова наше време „исчашено од зглобот“ често слушаме дека нешто се повампирило. Дека луѓето не спијат, дека завладеале страв и немир и како што обично се случува, за секоја болест постои и лек. Курта! Така се договоривме одново да го оживееме митолошкиот јунак и нему да му ја препуштиме борбата со вампирите кои се околу нас.
Александар Поповски
Времетраење: 90 минути
Датум на премиера: 17 мај 2023 година