НАГРАДИ

Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ доделува награда за животно дело на истакнати театарски работници.

Селекцијата на претставите во Официјалната програма ја прави уметничкиот директор на фестивалот.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма. Оценувањето и одлуката за доделување на наградите ја прави оценувачката комисија (жири) на фестивалот.

Награди во официјалната програма

Оценувачката комисија на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, ги доделува следниве награди:

  1. Награда за рекламен материјал,
  2. Награда за кореографија и сценски движења,
  3. Награда за музика „Филип Стевановски“,
  4. Награда за костимографија,
  5. Награда за сценографија,
  6. Награда за современа сценска драматизација и адаптација,
  7. Награда за современ драмски текст,
  8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“,
  9. Награда за млада актерка,
  10. Награда за женска епизодна улога,
  11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“,
  12. Награда за главна женска улога,
  13. Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“
  14. Награда за режија,
  15. Награда за уметничко остварување на претстава во целина,
  16. Награда од публика.

Награди за животно дело