МТФ 17 (1982)

17-те Театарски Игри „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 14.05.1982 – 24.05.1982.

На театарските игри беа прикажани вкупно:

  • 10 претстави во официјалната програма
  • 4 претстави во придружната програма и
  • се одржаа 3 настани во придружната програма.

Жири: Петре Прличко (претседател), Иван Ивановски, Борко Зафировски.

Организациски одбор

Совет на ТИ:
Ѓорѓи Сталев-Поповски (претседател),
Благоја Ивчески,
Кирил Здравевски,
Ристо Стефановски,
Тачко Локвенец,
Јосиф Јосифовски,
Владимир Милчин,
Борко Зафировски,
Младен Дилевски,
Боро Митриќески,
Томислав Спасовски,
Филимен Џинес,
Бајруш Мјаку,
Блаже Алексоски,
Вукан Диневски,
Драгица Наумовска,
Драган Секулиќ,
Димче Ѓорѓиоски.

Доделени награди

  1. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Групата „Леб и сол“ за музиката во претставата „ЛЕТ ВО МЕСТО“ во изведба на Дом на млади „25 Мај” Скопје,
  2. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Елена Дончева за костимите во претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  3. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Бранко Костовски за сценографијата во претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  4. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НА СОВРЕМЕНА ДОМАШНА ДРАМА не е доделена.
  5. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Атила Клинче за улогата Мемет во претставата „МЕМЕТ“ во изведба на Театар на народностите — Турска драма, Скопје,
  6. НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
    • Милица Стојанова за улогата Малина во претставата „ЕРИГОН“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
    • Нада Гешоска за улогата Султана во претставата „ЛЕТ ВО МЕСТО“ во изведба на Дом на млади „25 Мај” Скопје,
    • Мето Јовановски за улогата Еригон во претставата „ЕРИГОН“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
    • Илко Стефановски за улогата Јон во претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Народен театар, Битола,
    • Трајче Иваноски за улогата Протасов во претставата „ДЕЦА НА СОНЦЕТО“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп и
    • Илија Џувалековски за улогата Симон во претставата „ГАБИ“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
  7. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Владимир Милчин за претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  8. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Народен театар, Битола.

Настани во придружната програма


 

Изложба на костимите и костимографските скици на Рада Петрова Малкиќ


 

Вечер на Тодор Николовски

(по повод 80-годишнината од раѓањето)


 

Вечер посветена на Јордан Хаџи Константинов – Џинот


 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави