ЦИРКУС ПИРАНДЕЛО

Продукција: НУЦК „Антон Панов“ - Струмица

Автор: според Шест лица го бараат авторот и Вечерва импровизираме на Луиџи Пирандело

Режија: Бојан Трифуновски

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 13.06.2023 во 19:30

Драматург: Ацо Гогов

Сценограф и костимограф: Љупчо Јованов

Асистент на сценографот: Ана Божијанова

Играат

Стојан Велков-Трн – Режисерот, Авторот Коста Ангов – Публика 1, Директорот, Кловнот Бим, Зајачето Куни

Ангелина Тренчова-Ангелова – Мајката, гатачка Танкица Стојанова – Ќерката, артистка на трапез Ефтим Трајчов-Ѓаурски – Гимнастичарот, дечкото на мајката

Ванчо Василев – Брадестата жена Игор Тодоров – Публика 2, Жонглерот

Техничка екипа

в.д. директор: Дејан Јанев; уметнички раководител: Драган Маџиров; технички раководител: Ванчо Ристов; инспициент: Катерина Бенинова; мајстор на светло: Марјан Зајков; мајстор на тон: Синиша Мицев;

соработник за музика: Ален Нанов; реквизитер: Владимир Ичков; суфлер: Горан Енимитев; гардеробер: Васе Ценев; шивач: Марина Петров; перач: Славица Циева; организатор: Сречко Гунчев; сценска техничка екипа: Спасо Мелев, Томе Витанов, Ване Трајков и Ристо Ефтимов; електричар: Коста Трајковски; благајник: Елизабета Лазарова; секретар: Кристина Маџирова; хигиеничарка: Данче Козарова.

Театар во театар како форма во последниот голем текст на Пирандело. Приказна за линиите кои нѐ одделуваат од лудоста и генијалноста. Претстава за актерите, кои секојдневно ги предизвикуваат сопствените демони. Претстава во претстава, симбиоза на интересни дијалози со здрава доза на директен пиранделовски хумор и тмурна, речиси безизлезна атмосфера. Циркус Пирандело за мене претставува можност за демистификација на европските вредности и Балканот како слепо црево на Европа. Фелиниевска гротеска со многу енергија и многу искрена и силна мисла насочена против стегите на секојдневието и против третманот на малиот човек како заморче во светското отуѓување од вистинските морални вредности. Ние сме секогаш актери во нечиј театар, а кога бегаме од формите, конвенциите и стегите врз нашата слободна мисла, кога импровизираме, ние сме можеби најмногу свои. Претстава за правдата, за принципите и истрајноста на артистот во нивната одбрана. Искрени претстави се прават по раскопан, од вода и од сонце уништен, бомбардиран, пат. Автопатите се за позери.

Бојан Трифуновски

Времетраење: 100 минути

Датум на премиера: 20 октомври 2022 година