РОЊА, ЌЕРКАТА НА ОГРАБУВАЧОТ

Продукција: НУ Театар за деца и младинци - Скопје

Автор: според истоимениот роман на Астрид Линдгрен

Режија: Јакуб Максимов

Претставата се одигра на сцената на Театар Војдан Чернодрински на 12.06.2023 во 19:00

Драматург и преведувач: Горјан Милошевски

Сценограф, дизајнер на куклите и маските: Олга Зјебињска (Полска)

Костимограф: Олга Зјебињска (Полска)

Композитор и корепетитор: Лазар Новков (Србија)

Дизајнер на плакатот и брошурата: Олга Зјебињска (Полска)

Играат

Матеа Јанковска – Роња, вокал

Никола Наковски – Бирк, Бампер, вокал Мики Анчевски – Матис, окарина, вокал Катарина Илиевска-Силјановска – Ловис, Печуркесто џуџе, вокал

Ангела Димитрова – Ундис, Фјосок, Печуркесто џуџе, виолина и вокал

Петар Стојанов – Пит ламбата, Борка, Печуркесто џуџе, гитара и вокал

Техничка екипа

инспициент: Ѓуро Дракулоски; мајстор на светло: Мартин Митровски; мајстор на тон: Ангеле Насковски; изработувач на костими: Љубица Велкова; гардеробер: Мирка Ѓорѓиева; шминкер: Игор Петрески; изработувачи на кукли: Мартина Финторова, Беата Зазривцова, Мартина Пјаткова, Јарослав Штулер,

Натали Рајнишова (Чешка) и Кирил Василев; декоратери: Јовица Видески, Мирзат Камбери и Бујамин Селими.

Еве ни пристига една нова приказна од фантастичната и светски познатата, шведска авторка, Астрид Линдгрен. Таа веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, Пипи Долгиот Чорап.

Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркести џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов Роња, ќерката на ограбувачот. Помеѓу завојуваните ривали, помеѓу две банди, две деца го градат својот пат во животот. Две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна е приказна за пријателството и силната врска меѓу две чисти души.

Горјан Милошевски

Времетраење: 60 минути

Датум на премиера: 26 декември 2022 година