ЕЛЕГИЈА ВО ПЕТ ЗДИВА
Автор: по мотиви од поезијата на Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров
Режија: Филип Петковски
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 15.06.2023 во 23:00
Кореограф: Филип Петковски
Костимографи: Антонија Гугинска-Јорданоска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска
Дизајнер на светло: Милчо Александров
Во претставата се користи музика од: ДахаБраха, Пјотр Илич Чајковски, Лудвиг ван Бетовен, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Кристоф Пендереки, Дуке Бојаџиев, Синтезис
Камера: Борјан Стојков
Фотограф и графички дизајнер: Ивана Мојсовска
Играат
Васил Зафирчев Наталија Теодосиева Симона Димковска Сара Цветковска
Техничка екипа од НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес
Елегија во пет здива е танцов театар базиран по мотиви од стихови поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров. Трансформацијата на поезијата како уметничка форма која го користи јазикот за постигнување естетски квалитети и продлабочување на нејзината семантичка содржина, преточени во танцов перформанс, е главна задача на режисерот и кореографот. Во претставата се прикажани пет перформанси (пет здива) кои имаат цел да создадат универзално разбирлив сценски јазик, доловен преку мултидисциплинарен пристап на подготовка и изведба преку комбинација на повеќе медиуми на сценско изразување како танц, нарација и физички театар. Актерите/танчарите во претставата ги користат сопствените тела како субјект и како медиум за отелотворување на дадена емоционална состојба. Осврнувајќи се на ваква перформативна кинестетика, актерите/танчарите оформуваат сопствен и индивидуален пристап во движењето и ја будат свесноста на телото за можностите кои ги поседува при создавање на танцов вокабулар. Ставајќи акцент на формата која во себе ги сублимира контрастите и различните дискурси кои изведувачите ги поседуваат, тие меѓусебно се приспособуваат со цел да создадат оригинален сценски израз.
Филип Петковски
Времетраење: 60 минути
Датум на премиера: 13 јуни 2022 година