НЕМА СТРУЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИОТ СТОЛ

Продукција: НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес

Автор: Александар Секулов

Режија: Дејан Пројковски

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 09.06.2023 во 21:30

Драматург: Сашо Димоски

Преведувач: Дејан Пројковски

Сценски дизајнер: Филип Коруновски

Видеодизајн и анимација: Борче Конзулов и Филип Коруновски

Композитор и изведувач на музиката во живо:

Сашко Костов

Сниматели: Данчо Стефков и Александар Костов

Дизајнер на плакатот: Филип Коруновски

Фотограф: Иван Камчев

Играат

Васил Зафирчев – Осудениот на смрт Исидор Јовановски – Леонард

Техничка екипа

технички раководител: Никола Игнов; инспициент: Славиша Ѓеоргиев; мајстори на светло: Марјан Тодоровски и Зоранчо Јордев; мајстор на тон: Славчо Коцев; реквизитер: Благој Илиев; суфлер: Орхидеја Дукова; гардеробер: Јулија Ангеловска; декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Горан Димов; лектор: Весна Костовска.

Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видеоанимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единството на театарската претстава.

Сашо Димоски

Времетраење: 70 минути

Датум на премиера: 8 април 2023 година