ЧОВЕК ПЕРНИЦА
Автор: Мартин Мекдона
Режија: Сибел Абдиу
Претставата се одигра на сцената на Театар Војдан Чернодрински на 13.06.2023 во 22:00
Драматург: Сибел Абдиу
Продуцент: Слободан Трајкоски
Сценограф: Ујза Жури
Костимограф: Диелза Минци
Директор на фотографија: Фисник Халили
Играат
Хакан Даци – Катуриан Дин Ибрахим – Микаил Бурак Рахман – Ариел Јеткин Сезаир – Туполски
Техничка екипа
директор: Ајлин Емин-Скоро; инспициент: Ердинч Рушид; инженер на светло: Беќир Кубур; мајстор на тон: Емрах Џемаили; реквизитер: Танкут Ибрахим; гардеробери: Муала Салихи и Мухамед Бакиовски; шминка: Севим Керим; шивач: Рахметула Ахмед; шеф на декоратери: Зекирија Абди; декоратери: Мехмет Исмаил, Суат Рахман, Изудин Беговиќ, Џенгис Халил, Булент Хасан.
Комедија, насилство, злоупотреба, комедија, хорор, терор, комедија… Политички ангажиран театар или обична мрачна комедија која се занимава со насилство и злоупотреба?
Човек перница е претстава која буквално манипулира со емоциите на публиката, преку трагични и комични дијалози, а се занимава со многу длабоки и кревки теми вклучувајќи злоупотреба, насилство, морална одговорност и политичка критика.
Покрај тоа, ова дело е и критичка анализа за слободата на говорот, како и злоупотребата и детските трауми како фактор во девијацијата на народите, почнувајќи од микрочовечкото општество, односно семејството.
Сместени во полициска станица со проѕирни ѕидови, ќе се соочуваме со длабоката суровост на човековата мрачна и проста природа, а воедно и со смислата на животот на бизарен начин кој се коси со сите наши претпоставки при „здрав разум“.
Сибел Абдиу
Времетраење: 75 минути
Датум на премиера: 8 октомври 2020 година