ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА

Продукција: НУ Драмски театар - Скопје

Автор: Сајмон Стивен (според романот на Марк Хадон)

Режија: Зоја Бузалковска

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 12.06.2023 во 21:00

Асистент на режисерот: Димче Николовски

Драматург: Александра Бошковска

Преведувач: Благоја Бошковски-Буцко

Сценограф: Константин Трпеноски

Асистент на сценографот: Марија Мукоска

Костимографи: Елена Вангеловска и Раде Василев

Авторска музика: Давид Ангелевски

Кореограф и free running техника: Симон Симоновски

3Д-мапирање и видеодизајн: Осама Алмугани

Играат

Дамјан Цветановски – Кристофер Бун Трајанка Илиева-Вељиќ – Шивон Александар Степанулески – Ед Емилија Мицевска – Џуди

Соња Стамболџиоска – г-ѓа Александер, Пош жена, Глас шест

Јасмина Василева – г-ѓа Шиерс, г-ѓа Гаскоњ, Глас еден, Жена во воз, Жена во паркот, Продавачка Филип Трајковиќ – Роџер (г. Шиерс), Полицаец на смена, Глас два, г. Вајз, Човек од билетарница, Пијаница еден

Стефан Вујисиќ – Полицаец еден, г. Томсон, Глас три, Пијаница два, Човек со чорапи, Човек на телефон, Лондонски железнички полицаец, Лондонски полицаец

Златко Митрески – Пречесен Петерс, Родри, Чичко Тери, Глас четири, Полицаец на станица, Чувар на станица

Нела Павловска – Број 40, Глас пет, Жена на улица, Информации, Панк-девојка

Техничка екипа

директор: Маја Вељковиќ-Пановска; технички директор: Горјан Донев, инспициент: Гоце Бојчев; мајстор на светло: Митко Ризов; асистент на светло: Дејан Блажевски; мајстор на тон: Саше Ѓорѓиев; видеопроекција: Димитар Илиоски; реквизитери: Љупче Митровски и Марко Вуковиќ; суфлер: Даница Илиева; гардеробери: Рада Симоноска и Елизабета Младеновска; шминкер: Јана Гогушевска-Мандевска; фризер: Мерита Исени; декоратери: Стево Бојковски, Борче Стојановски, Амир Нуиши, Џелал Широки и Седат Широки. Раководител на маркетинг, односи со јавноста и меѓународна соработка: Кристина Бетинска; советник за маркетинг: Олга Јаневска.

Сместена во Свиндон и во Лондон, приказната се однесува на 15-годишниот Кристофер Џон Френсис Бун, математички гениј, кој има неспецифицирано нарушување од аутистичен спектар, иако неговата состојба никогаш не е експлицитно изречена во драмата. Она што Чудна случка со кучето во ноќта ја прави возбудлив материјал е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков текст ми се чинеше исклучително важно. Жанрот на црната комедија и на моменти сурово остриот, иако бескрајно духовит јазик, ја носат пред сè во вечерните термини и ја усложнуваат нејзината улога. Таму, таа ќе се спротивстави на предрасудите и стереотипите на најдиректен начин. Зашто, драмата отвора навистина многу прашања: „што е нормално, а што не“; каков е дијалогот на „заостанатиот во развојот“ со „напредниот“; зошто треба да се сожалува или да се успорува еден брилијантен ум, кој совршено добро се снаоѓа во лавиринтите на математиката и на физиката; каква е перцепцијата на другиот од позиција на моќ и можните жртви на таквата перцепција и сл. Ова е текст кој го предизвикува „поредокот“ визави „хаотичноста“ и кој доцни во разбирањето на измамата, за разлика од гледачот, кој веднаш ја препознава. И, најпосле, овде се сериозно ставени на испит прашањата за фамилијата, семејството, довербата и изневерените очекувања. Фантастична и крајно луцидна приказна на односи преку толку специфичниот свет на Кристофер Бун. А во тој свет не постојат лаги, нема концепт за толеранција на неискреноста. Постои само вистина. И затоа е тој свет толку посебен и нежен.

Зоја Бузалковска

Времетраење: 170 минути

Датум на премиера: 29 декември 2021 година