ПОД.ГОТВЕНО
Автор: според поезијата на Ѓоко Здравески, расказите на Елизабета Баковска и извадоци од драмскиот текст Трите високи жени на Едвард Олби
Режија: Дејан Спасовиќ
Претставата се одигра на сцената на Фестивалски зони and Гастробар МОНАРКА на 11.06.2023 во 17:00
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Eмилија Ивановска-Атанасовска
Играат
Билјана Драгичевиќ-Пројковска – Цвета Паланкова, 50 години
Слаѓана Вујошевиќ – Цвета Паланкова, 33 години Нина Елзесер – Цвета Паланкова, 18 години
Техничка екипа
сценски техничар: Мартин Манев.
Под.Готвено е интердисциплинарен експериментален проект кој ги обедини активностите од различни области на уметноста (театар, музички, визуелни уметности, музика, танц) и во исто време е интеракција на уметничките активности и други сфери (родови политики). Преку интердисциплинарен пристап, Под.Готвено ги истражува маргините и тангенцијалните точки на животот и уметностите, како и камен-темелникот и слоевитата улога на жената во нив. Според една стара тибетанска поговорка, секоја жена во своите аспекти има девојка, возрасна жена и зрела, вешта жена. Овој проект ги отелотворува овие три аспекти и ги носи на една маса, воспоставувајќи дијалог кој се нурнува во нивните социјални, културни и родови елементи.
Трите актерки се иста личност од различен период од нејзиниот живот, кои меѓусебно разговараат преку музика, танц и перформативен чин на подготовка на храната. Актерките го иницираат и дијалогот со публиката која е директен и активен чинител во самата претстава, која дополнително ќе ги истражува мембраните меѓу животот и уметноста, меѓу изведувачот и публиката, егзибиционизмот и воајеризмот.
Истражувачката лабораторија, подготовката и премиерата се одржаа во новоформираниот Рурален културен центар „Ракатрак“ во селото Чучер на Скопска Црна Гора. Оваа, како и другите локации на претставата овозможуваат присуство на публика со различна културна, етничка и социјална припадност со различни гледишта и традиционални стандардизации на женската улога.
Дејан Спасовиќ
Времетраење: 105 минути
Датум на премиера: 16 октомври 2021 година