СКОПЈАНИ

Продукција: ТЕАТАР ЗА СИТЕ (независна продукција)

Автор: колективно авторство и драматизација на раскази од збирката Улиците што ги нема на Оливера Ќорвезироска

Режија: Милош Б. Андоновски

Претставата се одигра на сцената на Фестивалски зони and Ресторан „Македонска Куќа“ на 11.06.2023 во 20:00

Драматурзи на расказите: Ивана Нелковска и Милош Б. Андоновски

Драматург на личните приказни: Ева Камчевска

Сценограф: Мартин Манев Асистент на сценографот: Симона Димковска

Костимограф: Ирина Тошева

Асистент на костимографот: Ива Ивановска

Играат

Филип Христовски – Атанас, Филип Нина Елзесер – Весна, Нина Виктор Велевски – Бојан, Виктор Јанка Лефкова – Маре, Јанка, Христијан Поп-Симонов – Владо, Веско, Христијан

Ангела Стојановска – Лиле, Ангела

Техничка екипа

/

Претставата Скопјани е резултат на истражувачки и експериментален процес во кој актерската екипа, разработувајќи ги расказите на Ќорвезироска, споделува и лични приказни, доживувања и искуства од градот Скопје; ги преиспитува и ги бара одликите на денешните скопјани и духот на денешно Скопје. Оваа претстава не зборува за „Старо Скопје“, за ослободувањето на Скопје, за земјотресот и Кензо Танге, туку за градот денес. Го согледува односот на локалците и дојденците, нивните перцепции за градот, нивните недоразбирања и соживот.

Милош Б. Андоновски

Времетраење: 85 минути

Датум на премиера: 13 ноември 2022 година