МИСТЕРИЈА БУФО
Автор: според Дарио Фо
Режија: Андреј Цветановски
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 10.06.2023 во 19:30
Асистент на режисерот: Теодора Силјаноска
Драматург и преведувач: Лидија Митоска- Ѓорѓиевска
Сценограф: Сергеј Светозарев
Костимограф: Марта Дојчиновска
Автори на музиката: Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и ВИС „Војдан Чернодрински“ Дизајнер на звук: Томе Темелкоски
Играат
Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска-Илијески, Александар Тодески, Димитар Црцороски
Техничка екипа
инспициент: Елена Иваноска; мајстор на светло: Ристе Гркоски; мајстор на тон: Томе Темелкоски; реквизитер: Гоце Тодороски; суфлер: Лилјана Батлеска; гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска; фризер/перикер: Даринка Богоеска; сликар исполнител: Пеце Ристески; декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски и Златко Апостолоски.
Благодарност до Благојче Мирески, Игор Трпчески и Кирил М. Петрески
Мистеријата Буфо ги реактуализира средновековните комични мистерии кои ги изведувале патувачките театарски трупи. Оваа претстава фрла мрачно-комичен поглед кон апсурдноста на секојдневните неправди; прикажува важни настани од религиозниот живот, но доживеани преку очите на обичните луѓе и случајните минувачи. Животот, чудата и страдањето на Исус се случуваат некаде надвор од сцената, додека во фокусот (барем во поголемиот дел од сцените) е токму обичниот човек. Луѓето секогаш, па дури и во најтешките општествени прилики, наспроти сите прогласи и забрани, успевале да го изразат својот револт и своите потреби, да критикуваат, да се бунат против оние кои ги угнетуваат и да се борат за подобрување на својата состојба. Токму во тоа се состои политичката моќ на средновековните религиозни драми: во субверзивната театарска моќ на патувачките изведувачи.
Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Времетраење: 105 минути
Датум на премиера: 16 ноември 2022 година