ЖЕНСКА ГАРДЕРОБА
Автор: Арношт Голдфлам
Режија: Наташа Поплавска
Претставата се одигра на сцената на Театар Војдан Чернодрински на 14.06.2023 во 22:00
Асистент на режисерот: Иван Вртев
Драматург: Благица Секулоска
Преведувач: Драган Георгиевски
Сценограф: Војдан Запров
Костимограф: Ивана Каранфиловска- Угуровска
Автор на музиката: Ристо Вртев
Дизајнер на светло: Милчо Александров
Играат
Жаклина Стевковска-Дрнасин – Горде Жаклина Петровска-Милјановска – Маја Ева Скендеровска – Леа
Тања Мицков – Милица Тони Денковски – Слаѓана
Техничка екипа
технички раководител: Милан Несторов; инспициент: Нурjамет Рушити; мајстор на светло: Слободан Илиоски-Боби; мајстор на тон: Томи Анчов; реквизитер: Жаклина Пецевска; суфлер: Зорица Манаскова- Станковиќ; гардеробери: Елизабета Стојчевска и Љупчо Атанасоски; шминкери/ фризери: Ивана Спироска, Диме Блажески и Велимир Минов; шеф на сцена: Никола Николовски; соработници за маркетинг и дизајн: Софија Спасов и Бисера Михајловска.
Женска гардероба е современа комедија која ни го открива и ни го покажува она што публиката најчесто не може да го види — животот на актерите зад сцена. Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува се гардеробата и театарот со сета негова магија и страст.
Наташа Поплавска
Времетраење: 90 минути
Датум на премиера: 26 октомври 2022 година