MY NAME IS MEDEJA

Продукција: НУ Народен театар - Битола

Автор: Милан Рамшак Марковиќ

Режија: Себастијан Хорват

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 15.06.2023 во 19:30

Асистент на режисерот и на драматургот: Брина Јенчек

Драматург: Милан Рамшак Марковиќ Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Андреј Ѓоргиевски Композитор: Драго Ивануша

Играат

Илина Чоревска Огнен Дранговски

Катерина Аневска-Дранговска Викторија Степановска-Јанкуловска Јулијана Мирчевска-Мавровска Иван Јерчиќ

Здравко Стојмиров Соња Михајлова Васко Мавровски

Сандра Грибовска-Илиевска Анастазиа Христовска Никола Стефанов

Кристијан Танчевски

Техничка екипа

технички раководител: Петар Трајчевски; инспициент: Димитар Михајловски; мајстори на светло: Игор Мицевски и Горан Петровски; мајстор на тон: Александар Димовски; реквизитер: Цветан Јовановски; суфлер: Мирјана Христовска; гардеробери: Ванчо Бакаловски и Валентина Кожовска; шминкер:

Стефанија Стојчевска; сценска техничка екипа: Пеце Босилковски, Александар Сотировски, Иле Мангелов, Ѓорѓи Крнчев, Николче Котевски и Николче Думевски.

My name is Medeja e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот во Швајцарија, вклештена е помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од категориите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја.

Милан Рамшак Марковиќ

Времетраење: 85 минути

Датум на премиера: 28 септември 2022 година