Фестивалот „Војдан Чернодрински“ и годинава се труди театарот да го доближи до секој потенцијален гледач во Прилеп со неколку фестивалски зони низ градот. За да го поттикнеме бранот промени и да ѝ овозможиме на публиката да учествува и да ужива во театарот надвор од театарските сцени и во нестандардни театарски форми, повторно се фокусираме на идејата цел град да биде театар.
Освен во НУЦК „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“, фестивалски активности се одржуваат и на локации што им се омилени на прилепчани:
- Градската библиотека „Борка Талески“
- Центарот за Современа ликовна уметност
- Паркот на револуцијата „Могилата на непобедените“
- Домот на борците
- Вегански и вегетаријански ресторан/бар „Аура“
- Гастробар „Монарка“
- Клуб „Калинка“
- Кафе-бар „Тротоар“
- Кафе-галерија „Лувр“
- Ресторан „Брос Бургер“
Фестивалските зони се соодветно обележани и публиката може да ужива во театарот на локации кои се дел од прилепското секојдневие.
ЧЕРНОДРИНСКИ ЗА ДЕЦА
Фестивалската зона наменета за најмладата публика годинава се наоѓа кај Градскиот Саат, во близина на Кафе-бар „Чоше“, а презентацијата на резултатите од едукативните работилници се одвива во киното „Мис Стон“. Децата и младите ќе имаат можност да учат за театарот, да гледаат претстави направени од нивните врсници и да уживаат во театарската уметност.