МТФ 45 (2010)
45-от Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 04.06.2010 – 10.06.2010.
На фестивалот беа прикажани вкупно:
- 11 претстави во официјалната програма
- 7 претстави во придружната програма и
- се одржаа 6 настани во придружната програма.
Уметнички директор на фестивалот: Петар ТЕМЕЛКОВСКИ.
Жири: Мустафа ЈАШАР – претседател, Слободан ДЕСПОТОВСКИ, Братислав ДИМИТРОВ.
Организациски одбор
Сенко ВЕЛИНОВ – претседател,
Бранко ЃОРЧЕВ,
Петар МИРЧЕВСКИ,
Роберт ПАВЛЕВСКИ,
Бесфорт ИДРИЗИ.
Собрание на МТФ:
Сенко ВЕЛИНОВ – МНТ Скопје,
Јордан ВИТАНОВ – Театар Велес,
Бранко ЃОРЧЕВ – Драмски театар Скопје,
Бесфорт ИДРИЗИ – Албански театар Скопје,
Трајче КАЦАРОВ – Театар Штип,
Атила КЛИНЧЕ – Турски театар Скопје,
Драган МАЏИРОВ – Театар Струмица,
Петар МИРЧЕВСКИ – Народен театар Битола,
Роберт ПАВЛЕСКИ – Театар Куманово,
Кирил РИСТОСКИ – Факултет за драмски уметности Скопје,
Артан СКЕНДЕРИ – Тетовски театар Тетово,
Љубомир ЧАДИКОВСКИ – Театар за деца и млади,
Тони ЧАТЛЕСКИ – Театар Прилеп.
Секретар на МТФ: Стојан ДАМЧЕСКИ.
Технички секретар: Љупчо ТОДОРОВСКИ.
Доделени награди
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на
- НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Владо Ѓоревски – Рафик за рекламниот материјал од претставата „БРАЌА КАРАМАЗОВИ“ во изведба на Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ за кореографија и сценски движења во претставата „КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ во изведба на НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА МУЗИКА на групата Фолтин за музиката во претставата „КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ во изведба на НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски за костимите во претставата „ГЕНЕРАЛ НА МРТВАТА ВОЈСКА“ во изведба на Албански театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Јулија Војкова-Најман и Филип Јованоски за сценографијата во претставата „КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ во изведба на НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Андреј Хинг за драматизација и адаптација во претставата „БРАЌА КАРАМАЗОВИ“ во изведба на Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Горан Стефановски за текстот во претставата „БАХАНАЛИИ“ во изведба на НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Театар Велес,
- НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Осман Али за улогата Жан во претставата „ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА“ во изведба на Турски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Несрин Таир за улогата Кристина во претставата „ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА“ во изведба на Турски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Адриан Азири за улогата Гробарот во претставата „ГЕНЕРАЛ НА МРТВАТА ВОЈСКА“ во изведба на Албански театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Биљана Драгичевиќ-Пројковска за улогата Кејт во претставата „ЖЕНАТА КАКО ВОЕНО ПОЛЕ“ во изведба на Драмски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Огнен Дранговски за улогата Аљоша во претставата „БРАЌА КАРАМАЗОВИ“ во изведба на Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Мартин Кочовски за претставата „КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ во изведба на НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ во изведба на НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Настани во придружната програма
Автор: Жарко БАШЕСКИ
Изложба на скулптури „ЛИНК“ (поврзување)
Изложба „ДЕ НИРО“
Промоција
„ЖИВОТ СО ПАТРДИИ“ од Мирјанка Р. СЕЛЧАНЕЦ
Промотор: проф. Д-р Александар СТЕРЈОВСКИ
ТРИБИНА
Модератор: Ѓорѓи ЈОЛЕВСКИ
СТО И ПЕДЕСЕТ ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЧЕХОВ
Модератор: Блаже МИНЕВСКИ
СУШТИНАТА НА ТЕАТАРОТ
Модератор: Бранко СТАВРЕВ