МТФ 20 (1985)

20-те Театарски Игри „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 07.06.1985 – 16.06.1985.

На театарските игри беа прикажани вкупно:

  • 8 претстави во официјалната програма
  • 6 претстави во придружната програма и
  • се одржаа 3 настани во придружната програма.

Жири: Љупчо Тозија (претседател), Михајло Михајлоски, Богомил Ѓузел, Емил Рубен, Брана Ѓорѓевиќ.

Организациски одбор

Совет на ТИ:
Илија Милчин (претседател),
Тачко Локвенец (секретар),
Томе Момировски,
Коле Гарбески,
Киро Пашоски,
Борис Чоревски,
Ненад Милосављевиќ,
Афродита Кирјаковска,
Бошко Димитров,
Лазар Атанасов,
Џемаил Максут,
Атанас Тасевски,
Ристо Јачев,
Љубиша Никодиновски,
Сефедин Нуредини,
Душица Стојановска,
Драгица Наумовска,
Петре Бакевски,
Димитар Османли,
Емил Рубен.

Доделени награди

  1. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Леб и сол за музиката во претставата „СРЕЌНА НОВА ‘49“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
  2. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Елена Дончева за костимите во претставата „СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  3. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА не е доделена.
  4. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НА СОВРЕМЕНА ДОМАШНА ДРАМА на Горан Стефановски за текстот во претставата „ДУПЛО ДНО“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
  5. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ не е доделена.
  6. НАГРАДА ЗА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Ванчо Петрушевски за улогата Јаков I во претставата „ДУПЛО ДНО“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
  7. НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
    • Благоја Спиркоски-Џумерко за улогата Пејо во претставата „СОЛУНСКИ ПАТРДИИ“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп,
    • Ненад Стојановски за улогата Пиги во претставата „СРЕЌНА НОВА ‘49“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
    • Бајруш Мјаку за улогата Пикон во претставата „ДОЖД ВО УЕРТОМЕНТО“ во изведба на Театар на народностите — Албанска драма, Скопје,
    • Снежана Стамеска за улогата Вера во претставата „СРЕЌНА НОВА ‘49“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје и
    • Душко Костовски за улогата Таткото во претставата „СРЕЌНА НОВА ‘49“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
  8. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Слободан Унковски за претставата „СРЕЌНА НОВА ‘49“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
  9. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „СРЕЌНА НОВА ‘49“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје.

Настани во придружната програма


 

Изложба 40 години Македонски народен театар


 

Изложба на театарските портрети на прилепскиот уметник Кирил Геловски


 

Симпозиум

Јазикот и сцената

Модератор: Илија Милчин


 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави