Коле Ангеловски

актер и режисер

Никола Коле Ангеловски роден е во Скопје, 1943 година.

Артист, режисер, сценарист, комедиограф, преведувач, кој целиот свој живот го посвети на културата и уметноста.

Во Белград заврши Академија за театар, филм, радио и телевизија. Од 1967 до пензионирањето во 2008 е вработен во Драмскиот театар во Скопје.

Како актер во театарот одигра повеќе од дваесет улоги. Четириесетина, повеќето главни улоги одигра во филмови, снимајќи низ цела Југославија. Бил учесник во разни серии на Телевизија, во ТВ филмови, во кои креирал повеќе од триесетина улоги.

Како режисер, во театрите низ Македонија и Југославија има режирано 120 престави, од кои 33 во Драмскиот театар. Веднаш по Драмскиот, негов омилен театар е Прилепскиот. Со Ансамблот на оваа театарска куќа режирал 22 претстави.

Режирал два играни филма и еден документарец. На Телевизија е потписник на повеќе од 500 часа разноразна, но главно, играна програма. (серии, ТВ филмови, детски емисии).

Напишал три комедии и еден текст за деца. Сите се играни. Има напишано и реализирано и неколку сценарија.

Превел и издал во вид на ЦД-ром, преку четириесет театарски текстови.

Во ваквиот след на нештата сепак не треба да се заборави и неговиот интерес за драмската класика, интерес кој резултира во успешната постановка на дела како што се БураСон во летната ноќКалигулаВеселите жени Виндзорски и др.

2011 година е јубилејна во неговата кариера. 50 години откако дебитираше со главна улога во филмот „Саша“.

За активностите во различни области, ( театар, филм , радио и телевизија..) повеќекратно е наградуван, како во земјава, така и во странство. Неговите дела освојувале награди, соработниците исто така, и она на што е особено горд, е што преку триесет актери, од разни театри, во неговите престави освоиле врвни награди во земјава, но и во странство. Како потврда за неговиот сензибилитет за жанрот на комедијата посебно зборува фактот што некои од неговите режиски постановки (Солунски патрдии од Миле Попоски) е играна над 300 пати, а Викенд на мртовци од истиот автор покрај сценската постановка доживеа и екранизација.

Слични Објави