МТФ 55 (2021)
55-от Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 01.10.2021 – 08.10.2021.
На фестивалот беа прикажани вкупно:
- 13 претстави во официјалната програма
- 1 претстава во придружната програма и
- се одржаа 5 настани во придружната програма.
Уметнички директор на фестивалот: Катарина КОЦЕВСКА ХАЏИ ВАСИЛЕВА.
Жири: Звездана АНГЕЛОВСКА – претседател, Бајруш МЈАКУ, Александар МИЛОСАВЉЕВИЌ.
Организациски одбор
Собрание на МТФ:
Сашо ДИМОСКИ – НУЦК „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ – Велес,
Слободан ЃОШИЌ – НУЦК „Антон Панов“ – Струмица,
Катерина ИЛИЕВСКА СИЛЈАНОВСКА – НУ Театар за деца и младинци – Скопје,
Иван ЈЕРЧИЌ – НУ Народен Театар – Битола,
Трајче КАЦАРОВ – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип,
Адем КАРАГА – НУ Албански Театар – Скопје,
Јасмина МИЦОВСКА СТАНКОСКА – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
Беким САЛИУ – НУ Тетовски театар – Тетово,
Горан СИМОНОСКИ – НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид,
Драган СПАСОВ – НУ Драмски Театар – Скопје,
Мими ТАНЕВСКА СРБИНОВСКА – ФДУ – Скопје,
Несрин ТАИР – НУ Турски Театар – Скопје,
Сашо ТОДОРОВСКИ – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово,
Симона УГРИНОВСКА – НУ Македонски народен театар – Скопје,
Нора ШАЌИРИ – НУ Театар „Комедија“ – Скопје.
Секретар на МТФ: Стојан ДАМЧЕСКИ.
Технички секретар: Љупчо ТОДОРОВСКИ.
Доделени награди
-
-
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на
- НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Борче Димитријоски за рекламниот материјал од претставата „ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ“ во изведба на НУ Театар за деца и младинци – Скопје,
- НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Игор Киров за кореографија и сценски движења во претставата „ЕДИП КОМЕНТАРИ“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип,
- НАГРАДА ЗА МУЗИКА на групата Фолтин за музиката во претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Ивана Кнез за сценографијата во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Исидор Јованоски за улогата Оливер Глембај во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сабина Мемиши за улогата Олга во претставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Гентиана Рамадани за улогата Ина во претставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Горан Стојаноски за улогата Силвестер во претставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ во изведба на НУЦК „Григор Прличев“ – Народен театар – Охрид,
- НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Наталија Теодосиева за улогите во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Јордан Симонов за улогата Филип во претставата „МОЈ ТЕРМИН“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Мартин Кочовски за претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА СЕВКУПЕН УМЕТНИЧКИ АНГАЖМАН И РЕЗУЛТАТ НА АВТОРОТ И АКТЕРИТЕ на претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје.
-
Настани во придружната програма
Промоција
НЕВИДЛИВИТЕ од Тена ШТИВИЧИЌ
(издавач: АРТКОНЕКТ)
Промоција
ГОРАН ВО ДРАМСКИ
(издавач: НУ Драмски театар – Скопје)
Промоција на антологијата „Еуродрам 2020: избор нови македонски драми“
(издавач МТФ „В. Чернодрински“, Прилеп, 2020)
Промотор: проф. д-р Иван ДОДОВСКИ
Трибина
ТЕАТАРОТ ВО КОВИД 19. ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА
Модератор: Катарина КОЦЕВСКА
НУ Драмски театар – Скопје
Омаж за животот и делото на великанот на македонската литература и култура Блаже Конески со првенците на Драмски театар во чест на стогодишнината од неговото раѓање.