МТФ 1 (1965)
1-та Средба на професионалните театри од СР Македонија „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 04.06.1965 – 11.06.1965.
На средбата беа прикажани вкупно:
- 6 претстави во официјалната програма
- 2 претстави во придружната програма и
- се одржаа 1 настан во придружната програма.
Жири: Илија Милчин (претседател), Цветанка Јакимовска, Александар Ежов.
Организациски одбор
Почесен одбор:
Кирил Бисеркоски – претседател на Општинското собрание Прилеп (покровител на Средбата),
Бранко Илиески – секретар на Општинскиот комитет на СКМ,
Кирил Стефановски – потпретседател на Општинското собрание Прилеп,
Кирил Гешоски – секретар на Општинското собрание Прилеп,
Миле Пешталески – началник на Одделението за култура на Општинското собрание Прилеп,
Ѓоре Напески – претседател на Советот за култура на Општинското собрание Прилеп,
Бошко Бабиќ – член на Советот на Народниот театар – Прилеп.
Одбор за организација:
Михајло Михајловски – директор на Народниот театар Прилеп,
Благоја Дамески – режисер,
Аце Ристески – сценограф,
Методија Петкоски – артист,
Рампо Конески – артист,
Живка Лабетиќ – артистка,
Благоја Алексоски – артист.
Доделени награди
- НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Димитар Костов за улогата во претставата „ВЕНЧАЛНИЦА“ во изведба на Народен театар, Куманово,
- НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
- Алеко Протогеров за улогата Астров во претставата „ВУЈКО ВАЊА“ во изведба на Народен театар, Штип,
- Ацо Ѓорчев за улогата Борозовски во претставата „ВЕНЧАЛНИЦА“ во изведба на Народен театар, Куманово и
- Љубица Пиперевска за улогата Флоранса во претставата „СТАПИЦА ЗА БЕСПОМОШНИОТ ЧОВЕК“ во изведба на Народен театар, Струмица,
- НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на
- Благоја Дамески за претставата „БАНОВИЌ СТРАХИЊА“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп и
- Кемал Лила за претставата „ЧУДАК“ во изведба на Малцински народен театар, Скопје – Турска драма,
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „НАЖАЛЕНА ФАМИЛИЈА“ во изведба на Народен театар, Битола.
Настани во придружната програма
Советување на театарските работници: Актуелните проблеми на театарот
Модератор: Илија Милчин, директор на Драмата на Народен театар, Скопје