МТФ 56 (2022)

56-от Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 03.06.2022 – 09.06.2022. На фестивалот беа прикажани вкупно:

  • 16 претстави во официјалната програма
  • 8 претстави во придружната програма и
  • се одржаа 4 настани во придружната програма.

Уметнички директор на фестивалот: Катарина КОЦЕВСКА ХАЏИ ВАСИЛЕВА.

Жири: Љупчо ЃОРГИЕВСКИ – претседател, Бесфорт ИДРИЗИ, Сотир ТРАЈКОВ.

Организациски одбор

Собрание на МТФ:

Сашо ДИМОСКИ – НУЦК „Ј. Х. К. Џинот“ – Велес,
Катерина ИЛИЕВСКА СИЛЈАНОВСКА – НУ Театар за деца и младинци – Скопје,
Иван ЈЕРЧИЌ – НУ Народен Театар – Битола,
Адем КАРАГА – НУ Албански Театар – Скопје,
Трајче КАЦАРОВ – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип,
Јасмина МИЦОВСКА СТАНКОСКА – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
Беким САЛИУ – НУ Тетовски театар – Тетово,
Горан СИМОНОСКИ – НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид,
Драган СПАСОВ – НУ Драмски Театар – Скопје,
Дарко Јан СПАСОВ – НУ Театар „Комедија“ – Скопје,
Танкица СТОЈАНОВА – НУЦК „Антон Панов“ – Струмица,
Несрин ТАИР – НУ Турски Театар – Скопје,
Мими ТАНЕВСКА СРБИНОВСКА – ФДУ – Скопје,
Сашо ТОДОРОВСКИ – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово,
Дијана ТОСКА – НУ Албански театар за деца и млади – Скопје,
Симона УГРИНОВСКА – НУ Македонски народен театар – Скопје.

Секретар на МТФ: Стојан ДАМЧЕСКИ.

Технички секретар: Љупчо ТОДОРОСКИ.

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на

 

 

    1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Димитар Димитров за рекламниот материјал од претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

    1. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА не е доделена.

    1. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Тримор Доми за музиката во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

    1. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски за костимите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

    1. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Вишња Вујовиќ за сценографијата во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

    1. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Лидија Митоска Ѓорѓиевска за драматизација и адаптација во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

    1. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Рефет Абази за текстот во претставата „ЈАЗЛИ“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,

    1. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Хакан Даци за улогата Јаша во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје,

    1. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сара Спиркоска за улогите во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

    1. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Викторија Степановска Јанкуловска за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

    1. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Никола Пројчевски за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

    1. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Бедија Беговска за улогата Љубов Андреевна Рањевска во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје,

    1. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Никола Ристановски за улогата д-р Томас Стокман во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

    1. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Ќендрим Ријани за претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

    1. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје.

Настани во придружната програма

Промоција на книгата “Клиентот на Шекспир”

Милош ЛАТИНОВИЌ

Промотор Жељко ЈОВАНОВИЌ

Милош Латиновиќ е драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на Битеф театар.

Промоција на книгата “Никогаш не е доцна”

Добрила ИВАНОВСКА – ЧАБРИЌ

Добрила ИВАНОВСКА – ЧАБРИЌ е актерка, член на МНТ од 1945 – 1957, член на Позориште на теразијама, пеачка, безвременска жена и уметник.

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави