МТФ 41 (2006)
41-от Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 02.06.2006 – 09.06.2006.
На фестивалот беа прикажани вкупно:
- 7 претстави во официјалната програма
- 4 претстави во OFF програмата
- 4 претстави во придружната програма и
- се одржаа 7 настани во придружната програма.
Уметнички директор на фестивалот: Ѓунер Исмаил.
Жири: Мето Јовановски, Иван Поповски, Братислав Димитров, Искра Гешоска, Тодор Кузманов.
Организациски одбор
Извршен одбор на МТФ:
Кирил Ристоски – претстедател,
Љупчо Ѓорѓиевски,
Трајче Кацаров,
Атила Клинче,
Силвија Стојановска.
Собрание на МТФ:
Кирил Ристоски – претседател,
Стојан Дамчески,
Љупчо Ѓорѓиевски,
Горан Илиќ,
Адем Карага,
Трајче Кацаров,
Атила Клинче,
Младен Крстевски,
Ванчо Мелев,
Љупчо Петрушевски,
Силвија Стојановска,
Љубомир Чадиковски.
Секретар на МТФ: Стојан Дамчески.
Технички секретар: Љупчо Тодоровски.
Доделени награди
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на
- НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Филип Јовановски за рекламниот материјал од претставата „ДОН ЖУАН“ во изведба на Драмски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Жељка Санчанин за кореографија и сценски движења во претставата „ТИМОН ОД АТИНА“ во изведба на Народен театар – Битола, Турски театар – Скопје, ЛАБOРАТОРИЈА НОВА, Фиренца – Италија,
- НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Марјан Неќак за музиката во претставата „ТИМОН ОД АТИНА“ во изведба на Народен театар – Битола, Турски театар – Скопје, ЛАБOРАТОРИЈА НОВА, Фиренца – Италија,
- НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Јелена Проковиќ за костимите во претставата „ЦРНИЛА 005“ во изведба на Македонски народен театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Владо Ѓоревски за сценографијата во претставата „РОБЕРТО ЗУКО“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на
- Јасмина Мицовска за улогата Сестрата во претставата „РОБЕРТО ЗУКО“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и
- Марија Спиркоска за улогите Мајката и Госпоѓата во претставата „РОБЕРТО ЗУКО“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Николина Кујача за улогата Неда во претставата „ЦРНИЛА 005“ во изведба на Македонски народен театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
- Адриан Азири за улогата ХХ во претставата „ЕМИГРАНТИ“ во изведба на Продукција „ОДА“ -Тетово,
- Габриела Петрушевска за улогата Арина Пантелејмоновна во претставата „ЖЕНИДБА“ во изведба на Народен театар – Битола и
- Никола Ристановски за улогата Дон Жуан во претставата „ДОН ЖУАН“ во изведба на Драмски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Лилија Абаџиева за претставата „ЖЕНИДБА“ во изведба на Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „ЖЕНИДБА“ во изведба на Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА ВО ОФФ-ПРОГРАМА на претставата „КУПИДОНА“ во изведба на Драмски театар – Скопје.
Настани во придружната програма
Панел дискусија
Стапици за храбрите: новата генерација македонски режисери меѓу естетиката и политиката
Модератор: Иван Додовски
Панел дискусија
Македонскиот театар денес – дистопија или место на отпор?
Модератор: Иван Додовски
Затворена дискусија
Комуникација драматург – режисер – менаџер на институционален театар и драмски писател – режисер – менаџер на институционален театар
Отворање на изложба И актери и сликари
Промоција
Ненад Стојановски – споменар
промоција на монографија Зоја Бузалковска, Александра Бошковска, Викторија Рангелова
Превези, лица
Промотор и водител на разговорот: Иван Додовски
промоција на монографијата за Милица Стојанова и дијалог со актерката
Шашардисани времиња од Благоја Ристески – Платнар
Промотор: Ферид Мухиќ
промоција на книга