МТФ 31 (1996)

31-те Театарски Игри „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 02.06.1996 – 09.06.1996.

На театарските игри беа прикажани вкупно:

  • 6 претстави во официјалната програма и
  • 8 претстави во придружната програма.

Селектор на театарските игри: Љубиша Георгиевски.

Жири: Венко Андоновски, Ѓорѓи Јолевски, Салаетин Билал.

Организациски одбор

Совет на ТИ:
Ристо Стефановски (претседател),
Стојан Дамчески (секретар),
Билјана Шендова,
Љупчо Петрушевски,
Александар Георгиев,
Ѓорѓи Устапетров,
Љубица Гојковиќ,
Бранко Бенинов,
Владимир Талески,
Благој Чоревски,
Љубомир Чадиковски,
Мустафа Јашар,
Џевад Лимани,
Ратко Андреевски,
Борче Конески,
Кирил Ристоски.

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на

  • Љутви Сејфула (актер),
  • Кирил Ќортошев (актер) и
  • Нада Гешоска (актерка).
  1. НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН НА ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ на за дизајнот од претставата „ЛЕПА АНГЕЛИНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје (наградата е одбиена),
  2. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Група Анастасија за музиката во претставата „НИ ЌАР НИ ЗИЈАН“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
  3. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски за костимите во претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  4. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Владо Ѓоревски и Валентин Светозарев за сценографијата во претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  5. НАГРАДА ЗА СЦЕНСКА АДАПТАЦИЈА на Владо Цветановски за сценска адаптација на романот „Мајстор и Маргарита“ од Михаил Булгаков во претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  6. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НА СОВРЕМЕНА ДОМАШНА ДРАМА на Благоја Ристески – Платнар за текстот во претставата „ЛЕПА АНГЕЛИНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
  7. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Билјана Беличанец за улогата Медеја во претставата „МЕДЕЈА“ во изведба на Народен театар, Прилеп,
  8. НАГРАДА ЗА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Драган Спасов за улогата Тимчо во претставата „НИ ЌАР НИ ЗИЈАН“ во изведба на Драмски театар, Скопје (наградата е одбиена),
  9. НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
    • Дона Димовска за улогата Маргарита во претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола,
    • Ленче Делова за улогата Трајанка во претставата „НИ ЌАР НИ ЗИЈАН“ во изведба на Драмски театар, Скопје (наградата е одбиена),
    • Петар Мирчевски за улогата Воланд во претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола,
    • Владимир Талески за улогата Мајсторот во претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола и
    • Благој Чоревски за улогата Трајче во претставата „НИ ЌАР НИ ЗИЈАН“ во изведба на Драмски театар, Скопје (наградата е одбиена),
  10. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Владо Цветановски за претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  11. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  12. ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ЗА СЕВКУПЕН УМЕТНИЧКИ РЕЗУЛТАТ (ДОДЕЛЕНА ОД ВЕСНИКОТ „НОВА МАКЕДОНИЈА“) на претставата „МЕДЕЈА“ во изведба на Народен театар, Прилеп.

Настани во придружната програма


 


 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави