МТФ 54 (2019)

54-от Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 07.06.2019 – 15.06.2019.

На фестивалот беа прикажани вкупно:

  • 8 претстави во официјалната програма
  • 7 претстави во придружната програма и
  • се одржаа 7 настани во придружната програма.

Уметнички директор на фестивалот: Катарина КОЦЕВСКА.

Жири: Бедиа БЕГОВСКА – претседател, Љиљана БОГОЈЕВИЌ, Маја ВЕЉКОВИЌ-ПАНОВСКА.

Организациски одбор

Извршен одбор на МТФ: Менче КАРАЏОСКА – претседател.

Собрание на МТФ:

Александар ИВАНОСКИ – НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес,
Катарина ИЛИЕВСКА-СИЛЈАНОВСКА – НУ Театар за деца и младинци – Скопје,
Иван ЈЕРЧИЌ – НУ Народен Театар – Битола,
Адем КАРАГА – НУ Албански Театар – Скопје,
Менче КАРАЏОСКА – НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп,
Викторија РАНГЕЛОВА-ПЕТРОВСКА – НУ Драмски Театар – Скопје,
Ванчо РИСТОВ – НУЦК „Антон Панов“ – Струмица,
Саше РИСТОВСКИ – НУ Театар „Комедија“ – Скопје,
Раде РОГОЖАРОВ – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип,
Горан СИМОНОСКИ – НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид,
Несрин ТАИР – НУ Турски Театар – Скопје,
Мими ТАНЕВСКА-СРБИНОВСКА – ФДУ – Скопје,
Сашо ТОДОРОВСКИ – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово,
Симона УГРИНОВСКА – НУ МНТ – Скопје.

Секретар на МТФ: Стојан ДАМЧЕСКИ.

Технички секретар: Љупчо ТОДОРОВСКИ.

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на

  1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Нгадњим Мехмети за рекламниот материјал од претставата „СМРТТА НА ДАНТОН“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,
  2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Ѓерѓ Превази за кореографија и сценски движења во претставата „СМРТТА НА ДАНТОН“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,
  3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Димитар Андоновски за музиката во претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и претставата „НА ОТВОРЕНО“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје,
  4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Розе Трајчевска-Ристевска за костимите во претставата „МАКБЕТ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,
  5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Константин Трпеновски за сценографијата во претставата „МАКБЕТ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,
  6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Љупчо Ѓоргиевски за драматизација и адаптација на „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел во претставата „ЖИВОТИНСКА ФАРМА“ во изведба на НУЦК „Антон Панов“ – Народен театар – Струмица,
  7. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Тони Денковски за улогата Горниот во претставата „НА ОТВОРЕНО“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје,
  8. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Симона Димковска за улогите во претставата „ФИЗИКА НА ТАГАТА“ во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово,
  9. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Биљана Драгичевиќ-Пројковска за улогата Карлота во претставата „СТРАНЦИ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,
  10. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Гзим Жерка за улогата Сен-Жист во претставата „СМРТТА НА ДАНТОН“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,
  11. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Марија Спиркоска-Илијески за улогата Велика Мегленоска во претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
  12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Александар Степанулески за улогата Јон Мегленоски во претставата „ПИРЕЈ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
  13. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Игор Вук Торбица за претставата „БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
  14. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола.

Настани во придружната програма

 

Концерт на Влатко Стефановски


 

EURODRAM – Европска мрежа за драмски превод: презентација и награди за 2019



СОНОТ НА МОДЕРНАТА ДРАМА

презентација на Македонскиот центар на ИТИ


 

Промоција на театарска литература


 

Промоција на театарска литература


 

Трибина

ОВА Е НАШЕ ВРЕМЕ! ВРЕМЕ ЗА ТЕАТАР

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави