МТФ 30 (1995)

30-те Театарски Игри „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 02.06.1995 – 09.06.1995.

На театарските игри беа прикажани вкупно:

  • 7 претстави во официјалната програма
  • 4 претстави во придружната програма и
  • се одржаа 1 настан во придружната програма.

Селектор на театарските игри: Лилјана Мазова.

Жири: Ненад Стојановски (претседател), Џевад Лимани, Владо Цветаноски.

Организациски одбор

Совет на ТИ:
Ристо Стефановски (претседател),
Стојан Дамчески (секретар),
Сузана Киранџиска,
Стојан Арев,
Ванчо Мелев,
Благој Стефановски,
Благој Чоревски,
Горан Илиќ,
Елјеса Касо,
Џевад Лимани,
Љубомир Чадиковски,
Борис Коневски,
Димко Димкоски,
Јордан Витанов,
Емил Рубен,
Билјана Шендова.

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на

  • Димитар Ќостаров (режисер),
  • Васил Иљоски (драмски писател) и
  • Олга Наумовска (актерка).
  1. НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН НА ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ на Наташа Милованчев за дизајнот од претставата „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
  2. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Марјан Неќак за музиката во претставата „БЕГАЛКА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  3. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Елена Дончева за костимите во претставата „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“ во изведба на Драмски театар, Скопје и претставата „КРАЛОТ ХАМЛЕТ“ во изведба на Театар на народностите — Турска драма, Скопје,
  4. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Владимир Георгиевски за сценографијата во претставата „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
  5. НАГРАДА ЗА СЦЕНСКА АДАПТАЦИЈА на Бранко Брезовец за сценска адаптација во претставата „БААЛ“ во изведба на Театар на народностите — Албанска драма, Скопје,
  6. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НА СОВРЕМЕНА ДОМАШНА ДРАМА на Дејан Дуковски за текстот во претставата „БУРЕ БАРУТ“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
  7. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Дона Димовска за улогата Ленче во претставата „БЕГАЛКА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  8. НАГРАДА ЗА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Соња Михајлова за улогата Мирса во претставата „БЕГАЛКА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  9. НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
    • Бајруш Мјаку за улогата Баал во претставата „БААЛ“ во изведба на Театар на народностите — Албанска драма, Скопје,
    • Сенко Велинов за улогата Гилдестерн во претставата „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
    • Илко Стефановски за улогата Аџи Трајко во претставата „БЕГАЛКА“ во изведба на Народен театар, Битола,
    • Драган Спасов за улогата Розенкранц во претставата „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“ во изведба на Драмски театар, Скопје и
    • Мето Јовановски за улогата Актерот во претставата „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
  10. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Љупчо Ѓоргиевски за претставата „БЕГАЛКА“ во изведба на Народен театар, Битола,
  11. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“ во изведба на Драмски театар, Скопје.

Настани во придружната програма


 

Александар Алексиев

Изложба во чест на Војдан Чернодрински


 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави