МТФ 2 (1966)

2-те Театарски Игри „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 07.06.1966 – 15.06.1966.

На театарските игри беа прикажани вкупно:

  • 8 претстави во официјалната програма
  • 3 претстави во придружната програма и
  • се одржаа 1 настан во придружната програма.

Жири: Петре Прличко (претседател), Коле Чашуле, Иван Мазов.

Организациски одбор

Одбор за организација:
Михајло Михајловски – директор на Народниот театар Прилеп,
Благоја Дамески – режисер,
Аце Ристески – сценограф: Методија Петкоски – артист,
Рампо Конески – артист,
Живка Лабетиќ – артистка,
Благоја Алексоски – артист.

Доделени награди

  1. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Петар Ангеловски за сценографијата во претставата „ХАМЛЕТ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  2. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НА СОВРЕМЕНА ДОМАШНА ДРАМА на Миле Попоски за текстот во претставата „ТРИСТА КОЛИ ТРЊЕ“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп,
  3. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на
    • Мирјана Илиева за улогата во претставата „ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ОД АЛТОНА“ во изведба на Народен театар, Куманово и
    • Јоана Поповска за улогата Офелија во претставата „ХАМЛЕТ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  4. НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
    • Живка Лабетиќ за улогата во претставата „ТРИСТА КОЛИ ТРЊЕ“ во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп,
    • Димитар Костов за улогата Франц во претставата „ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ОД АЛТОНА“ во изведба на Народен театар, Куманово,
    • Љутви Сејфула за улогата Нури Сајнер во претставата „НАСИЛНИКОТ ОД ТОРОЗ“ во изведба на Театар на народностите – Турска драма, Скопје и
    • Лилјана Георгиевска за улогата Јохана во претставата „ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ОД АЛТОНА“ во изведба на Народен театар, Куманово,
  5. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Љубиша Георгиевски за претставата „ХАМЛЕТ“ во изведба на Народен театар, Битола.
  6. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА не е доделена.

Настани во придружната програма


 

Советување на театарските работници: Репертоар и репертоарска политика во театрите во СРМ

Mодератор: Илија Милчин


 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави