м-р Русомир Богдановски

драматург, драмски писател, педагог

м-р Русомир Богдановски

Роден е на 11 октомври 1948 година, во Ниш.

Дипломирал на студии по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград (1972).

На истиот факултет магистрирал театрологија (1997).

По дипломирањето, работи како драматург, едно време и како уредник на Редакцијата за играна програма на МРТВ (1972-1987). Во 1987 година бил избран за наставник по филмско и телевизиско сценарио на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што подоцна предава и драматургија (1999-2012). Се пензионирал како редовен професор по драматургија на ФДУ во Скопје.

Ги објавил книгите: „Комедии“ ФДУ, Скопје, 1997. и „Солун, Лерин, Соништа, драмски текстови“, Култура, Скопје, 2018. Неговата комедија „Ништо без Трифолио“ е објавена во „Антологија савремене српске комедије“, Zepter Book World, Београд, 2018.

Објавувал во списанијата „Сцена“ – Нови Сад, „Театрон“ – Белград, „Разгледи“ – Скопје, „Културен Живот“ – Скопје, „Театарски гласник“ – Скопје.

Автор е на повеќе драми, драматизации, филмски и телевизиски сценарија.

Театрографија: „Фарса за Храбриот Науме“, „Чудото на св. Ѓорги“, „Ништо без Трифолио“, „Патенталија и Тентелина, безобразна комедија“, „Солун, град на духови“, „Лерин, драма на сеќавањето“.

Драми за деца: „Рекламна бајка“, „Василиса Прекрасна“, „Малата Сирена“, „Волшебната флејта“, „Чудовишта во нашиот град“, претстава со која е отворен Театарот за деца и младинци – Скопје (1990). Истата е остварена како тв-серија за деца во шест епизоди (1992).

Филмографија: „Добра Долина“, „Како се сакаа Пертеф и Леонида“, „Златни години“, „Нели ти реков“, „Учителот“, „Време на летала“, „Заминувања од Пасквелија“, „Life time“.

Награди за сценарија: „Како се сакаа Пертеф и Леонида“ – Блед, 1975; „Учителот“ – гран-при во Порторож, 1981.

Награди за драми: „Фарса за Храбриот Науме“ – МНТ, 1970; „Рекламна бајка“ – Бугојно, 1991; „Ајнштајновите соништа“ – МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2016.

Неговите драми се играни во театрите во Македонија, а преведени се и играни во Словенија, Србија, БиХ и Бугарија.

Слични Објави