МТФ 32 (1997)
Bymtf
32-от Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 30.05.1997 – 05.06.1997.
На фестивалот беа прикажани вкупно:
- 7 претстави во официјалната програма
- 4 претстави во придружната програма и
- се одржаа 1 настан во придружната програма.
Селектор на фестивалот: Мими Таневска, Ненад Стојановски, Љупчо Ѓоргиевски.
Жири: Борислав Павловски, Жанина Мирчевска, Иван Поповски, Владимир Светиев, Веби Керими.
Организациски одбор
Совет на МТФ:
Кирил Ристоски (претседател),
Стојан Дамчески (секретар),
Глигур Ивановски,
Веби Керими,
Елјеса Касо,
Мими Таневска,
Ѓорги Јолевски,
Владимир Талевски,
Горан Илиќ,
Јордан Витанов,
Љупчо Бреслиски,
Крсте Јовановски,
Билјана Беличанец,
Владо Цветановски,
Предраг Павловски.
Доделени награди
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на
- Петар Стојковски – Бабец (актер),
- Коле Чашуле (драмски писател) и
- Иван Ивановски (театарски критичар).
- НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН НА ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ на за дизајнот од претставата „ПИЛИКАТНИК“ во изведба на Народен театар „Антон Панов“ Струмица,
- НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Љупчо Константинов за музиката во претставата „СРЕЌАТА Е НОВА ИДЕЈА ВО ЕВРОПА“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
- НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Ангелина Атлагиќ за костимите во претставата „М.М.Е. КОЈ ПРВ ПОЧНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
- НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Ангелина Атлагиќ за сценографијата во претставата „М.М.Е. КОЈ ПРВ ПОЧНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
- НАГРАДА ЗА СЦЕНСКА АДАПТАЦИЈА на Љубиша Георгиевски и Томислав Спасовски за сценската адаптација на мотивите од расказите на Живко Чинго во претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на Народен театар, Куманово,
- НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НА СОВРЕМЕНА ДОМАШНА ДРАМА на Јордан Плевнеш за текстот во претставата „СРЕЌАТА Е НОВА ИДЕЈА ВО ЕВРОПА“ во изведба на Драмски театар, Скопје,
- НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на
- Арна Шијак за улогата Европа во претставата „СРЕЌАТА Е НОВА ИДЕЈА ВО ЕВРОПА“ во изведба на Драмски театар, Скопје и
- Николина Кујача за улогата Сестрата во претставата „М.М.Е. КОЈ ПРВ ПОЧНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
- НАГРАДА ЗА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Бранко Бенинов за улогата во претставата „ПИЛИКАТНИК“ во изведба на Народен театар „Антон Панов“ Струмица,
- НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
- Тони Михајловски за улогите Кловнот и Црна Арапина во претставата „М.М.Е. КОЈ ПРВ ПОЧНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
- Рефет Абази за улогата Цане во претставата „ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ“ во изведба на Неформална група „Позитивно мислење” и Универзална сала, Скопје,
- Горан Илиќ за улогата Момир Крстановски во претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на Народен театар, Куманово,
- Никола Ристановски за улогите Доктор Фалус и Шејтанот во претставата „М.М.Е. КОЈ ПРВ ПОЧНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје и
- Јелена Жугиќ за улогата Ида во претставата „ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ“ во изведба на Неформална група „Позитивно мислење” и Универзална сала, Скопје,
- НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Александар Поповски за претставата „М.М.Е. КОЈ ПРВ ПОЧНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје,
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „М.М.Е. КОЈ ПРВ ПОЧНА“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје.
Настани во придружната програма
Симпозиум
Македонската драматика помеѓу традицијата и современоста
Модератор: Јелена Лужина