МТФ 59 (2025)

Смеј се и осмели се!

„Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, оваа година со сите предизвици повторно блеснува во својот најсветкав сјај. Како најстар и најзначаен македонски театарски фестивал со традиција која покажува каков е актуелниот и современ македонски театар, сметаме дека треба да покажеме што значи да се смееш и осмелиш во денешен контекст. Оваа година, со фокус на смеата и храброста, носиме свежи перспективи и смели ставови.
Да се создава театар значи да се има став, да се има мислење! Со идејата „Смеј се и осмели се!“ отвораме нови форми на дијалог за театарот што сакаме да го гледаме. Претстави со став, разговори без цензура – ова е смелоста што ја славиме! Прилеп како град театар станува повторно, центар на театарската магија!
„Смеј се и осмели се“ значи да се биде храбар театарски уметник и храбар театарски посетител.
Како дел од четиригодишната програма „Враќање дома“, го смисливме слоганот „Смеј се и осмели се!“, посветен на секој театарски уметник кој се обидува од својата перспектива да се охрабри да го гледа театарот низ двете навидум дијаметрално различни позиции: забавата/комедијата и ставот/трагедијата/ангажираноста.
Идејата на 59 издание на фестивалот е да се даде преглед во рамки на програмата
„Враќање дома“ и идејата за Прилеп град театар, на она што ќе биде директно учество на театарски уметници со став. За таа цел се направени неколку промени од досегашните две изданија.
Утринската програма повторно останува на најмладите, но овој пат едукативната матрица ќе се фокусира на театарскиот бонтон и поимањето на театарот од страна на најмладата публика. Се разбира дека кога тргаме од идејата за „Смеј се и осмели се“ ќе се занимаваме со разговори за театарот. Но, тоа нема да бидат само разговорите на тркалезните маси како досега, туку и Вечерните разговори за театар (снимени во форма на поткаст) во кои ќе биде вклучена младата публика, младите креативци и младите уметници, на кои фестивалот ќе им даде платформа јавно да проговорат за тоа што го прават и каков театар сакаат и да создават и да гледаат. Нова идеја за овогодишното издание на фестивалот е селекција на претстави во кои ќе доминира став во контекст на програмскиот концепт, но истовремено и претстави за кои ќе може и отворено да се зборува.
Се разбира дека ќе остане третманот на Прилеп како град театар. Посебно, откако се случија предизвиците со сцените што ги изнајмуваме. Нашиот кративен одговор на тоа е „Прилеп во фокус“, поточно „Музејот во движење“ посветен на неколку значајни театарски уметници од Прилеп, кои покажале и докажале зошто е Прилеп толку важен театарски град.
Приоритет во селекцијата е домашната драма со цел да се подготвиме и за 60тото издание на фестивалот. За таа цел ја смисливме програмата „Драмолетање“ која треба да им помогне на драмските автори и театарските продуценти да комуницираат полесно и поедноставно.
Фестивалот е замислен да почне со детската програма околу Градскиот саат во 10:00 секое утро, на пладне да се почне со Разговорите на тркалезната маса, а потоа на различни места низ Прилеп, кај пријателите на фестивалот (како што тоа беше до сега во претходните изданија, но и со проширување) да се организираат промоции, разговори, средби со автори, … Попладневните и вечерните часови ќе бидат посветени на селектираните претстави во официјалната и придружната програма. И ќе завршиме со Ноќните разговори за театар. Сакаме Прилеп и понатаму да живее дваесетичетири часови за театар и од театар.
Смеј се и осмели се значи да се биде храбар театарски уметник и храбар театарски гледач. За таа цел овогодинешното издание ќе се занимава со ставот и храброста во театарските/изведбените уметности. Ќе бидат застапени сите целни групи, ќе биде посветен однос кон маргинализираните заедници и ќе им се даде простор на оние што до сега немале можност да го покажат својот однос кон театарот.
Бидејќи за прв пат откако пред 2 години воведовме Едукативни целогодишни театарски работилници, сега ги гледаме и резултатите, сме инспирирале отворање на нови младешки центри за учење театар, истовремено инспирани од нашата програма. Затоа сметаме дека фестивалот е предводник на промената која ја загатнавме и од минатата година (од ланските новости: онлајн продажба на билети, на пример беше еден успешен исчекор напред, дигитализација на театарската архива, наградата од публика).
Би сакала да ви посакам да се смеете и бидете храбри и да уживате овие денови во Прилеп!“

Ана Стојаноска – уметнички директор на фестивалот

Организациски одбор

Уметнички директор:
д-р Ана СТОЈАНОСКА

Секретар на МТФ:

Aнгела СТОЈАНОВСКА

Продукциски координатор: 

м-р Петар АНТЕВСКИ

Координатор на протокол и волонтери: 
Милош АНДОНОВСКИ 

Односи со јавност: 
Сребра ЃОРЃИЈЕВСКА

Координатор на придружна програма:
Ѕвонко ДИМОСКИ 

Координатор за гостопримство:
Андреа МАРКОСКА 

Локациски менаџер:                                                                                                                   Рамона Моња КОЧИШКА

Социјални медиуми:                                                                                                   
Петар ЈОШЕСКИ

Собрание на МТФ:
Осман Али – НУ Турски Театар – Скопје
Роберт Вељановски – НУ Драмски Театар – Скопје
Фросина Карловицс – НУ Театар за деца и младинци – Скопје
Никола Кимовски – НУ Македонски народен театар – Скопје
Сашо Кокаланов – ФДУ – Скопје
Васко Мавровски – НУ Народен Театар – Битола
Драган Маџиров– НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
Хасим Мемиши – НУ Тетовски театар – Тетово
Марија Попова Јованоска – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Хисмет Рамадани – НУ Албански Театар – Скопје
Пеце Ристевски – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип
Дарко Јан Спасов – НУ Театар „Комедија“ – Скопје
Жарко Спасовски – НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес
Горан Стојановски – НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид
Сашо Тодоровски – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово
Дијана Тоска – НУ Албански театар за деца и млади – Скопје

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО се доделува на:
 Жири-комисијата на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп во состав од: Лилиа Абаџиева, претседател и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ ги доделува следните награди:

 1. Награда за рекламен материјал со мнозинство на гласови доделува на Медина Хоџа за рекламниот материјал од претставата „Слепци “во изведба на НУ Турски театар  – Скопје.
2. Награда за кореографија и сценски движења со мнозинство на гласови се доделува на Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.
3. Награда за музика „Филип Стевановски“ едногласно се доделува на Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.
4. Награда за костимографија едногласно се доделува на Самка Фери за костимите во претставата „Ричард III“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје.
5. Награда за сценографија едногласно се доделува на Валентин Светозарев       за сценографија во претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, Велес.
6. Награда за современа сценска драматизација и адаптација едногласно се доделува на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен Театар – Битола.
7. Награда за современ драмски текст со мнозинство на гласови се доделува на Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје.
8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ со мнозинство на гласови се доделува на Атанас Атанасовски за улогата на „Оскар Медисон“ во претставата „Пар-распар“ во изведба на НУ Театар Комедија Скопје.
9. Награда за млада актерка едногласно се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски Театар – Скопје.
10.  Награда за женска епизодна улога со мнозинство на гласови се доделува на Маја Љутков за улогата на „Гвендолин Пиџн“ во претставата „Пар распар“ во изведба на НУ НТ Комедија.
11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ со мнозинство гласови се доделува на  Оливер Митковски за улогата на „10“ во претставата „12“ во изведба на  НУ МНТ Скопје.
12. Награда за главна женска улога едногласно се доделува на Марија Минчева Андонов за улогата на „Мајката“ во претставата  „Сите прекрасни нешта“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.
13. Награда за главна машка улога едногалсно се доделува на Мартин Мирчевски за улогата на „Доне Совичанов“ во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен театар Битола.
14. Награда за режија со мнозинство гласови се доделува на Ќендрим Ријани за режијата на претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје.
15. Награда за уметничко остварување на преставата во целина со мнозинство гласови се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата  „12“.
– Специјална награда за колективна актерска игра едногласно се доделува на ансамблот на НУ МНТ – Скопје за претставата „12“.

 

.

Настани во придружната програма 

  • 07.6. – 12.6.2024 – Детска зона: „Чернодрински за деца“ – поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и „Јавен простор Прилеп“
  • 07.6.2025 – 08.6.2025 – Драмолетање
  • 07.6.2025 – Отварање на изложба на Христо Бојаџиев и Владо Ѓоревски – Театарски плакати и каталози
  • 08.6.2025 – Музеј во движење – Прилеп во фокус

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

БИЛТЕНИ 2025

БИЛТЕН 1

БИЛТЕН 2

БИЛТЕН 3

ВИДЕА 2025

Седми ден

Затворање на фестивалот

Слични Објави