БУРА

Продукција: НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“, НАРОДЕН ТЕАТАР „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ − ПРИЛЕП

Автор: Вилијам Шекспир

Режија: Џон Блондел

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков

Сценографија, костими, светло и плакат: Благој Мицевски

Музика: Томе Темелкоски

Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

 

Играат:

Игор Трпчески − Просперо, вистинскиот војвода од Милано

Ангела Наумоска − Миранда, ќерка му

Даниела Иваноска − Ариел, дух, ветроштина

Наташа Ачански − Калибан, роб на Просперо

Димитар Ѓорѓиевски − Алонзо, кралот на Неапол/ Тринкуло, шут

Александар Тодески − Антонио, брат на Просперо/ Стефано, служител

Михајло Миленкоски − Фердинанд, син на Алонзо/ Гонзало, советник

Катерина Чакмакоска-Клинческа − Себастијан, брат на Алонзо

Ана Митоска − Јунона, дух во служба на Просперо 

 

Техничка екипа:

Инспициент: Елена Иваноска; светло-мајстори: Ристе Гркоски, Гоце Ристоски; сликар исполнител: Пеце Ристески; реквизитер: Гоце Тодороски; гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска; фризер перикер: Даринка Богоеска; суфлер: Лилјана Батлеска; декоратери: Сашо Смоквоски; Роберт Стојкоски; Владимир Владимироски; Јане Јанкулоски. 

 

Времетраење: 80 минути

Датум на премиера: 5 јуни 2024

 

Бура (1611) обично се смета за последната драма на Шекспир. Имал удел и во следни

соработки, но ова е неговото последно напишано дело. Во него, волшебникот Просперо – поранешен војвода од Милано, живее на пуст остров со својата млада

ќерка Миранда, со робот Калибан и со духот-помошник Ариел. Кога неговиот брат,

предавникот Антонио, плови во близина на островот, Просперо предизвикува бура во

која Антонио преживува бродолом заедно со Алонзо – кралот на Неапол, синот на

Алонзо – Фердинанд, братот Себастијан, советникот Гонзало, шутот Тринкуло и

служителот Стефано. Фердинанд, за кого мислат дека е мртов, ја запознава Миранда и

се вљубува во неа. Антонио и Себастијан планираат да го убијат Алонзо, додека

Тринкуло и Стефано се сретнуваат со Калибан, кој ја заговара смртта на Просперо.

Ариел ги спречува сите заговори; Просперо го открива својот идентитет и им простува

на својот брат и на Алонзо за нивното предавство. Просперо го пушта Ариел на

слобода, а другите – оставајќи го Калибан на островот – пловат кон Неапол.

 

Не знам ниту една друга ваква драма што во себе ја содржи целата богата сложеност на животот. Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури; се

вљубуваме; изневеруваме или сме изневерени; вршиме или трпиме насилство –

вербално, психичко или емоционално; претрпуваме загуба; се прашуваме што нѐ чека;

се смееме со пријателите; се каеме за грешките и чекориме кон неизвесната иднина.

Бурата го содржи сето ова и уште повеќе. Тоа е прекрасно. Претставата е филозофија

на животот, барем Шекспир ја понудува како таква преку неговото алтер его –

волшебникот Просперо. И обајцата се слика на другиот: уметници кои стареат и прават

некаков ред во својот живот движејќи се низ своето последното поглавје. За Шекспир,

преку волшебникот Просперо, тајната на животот е да се запамети, а потоа да се

прости. Иако првичната намера на Просперо можеби била да се одмазди (тоа не е

сосема јасно во текстот), тој наскоро открива дека мора да си прости себеси, а потоа да им прости на другите. Тоа е прекрасна драма, дива и трогателна, која иако е многу

стара, истовремено е многу модерна. Како што вели големиот романски режисер

Ливиу Чулеј: „Класиката е класика затоа што е модерна.“ Неизмерно уживав во

работата на оваа претстава, со овие прекрасни луѓе во Прилеп. Сите се надеваме дека ќе уживате.

 

Џон Блондел