РИЧАРД ТРЕТИ

Автор: Вилијам Шекспир
Режија: Куштрим Бектеши
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 09.06.2025
Сценограф: Бетим Зеќири
Костимограф: Самка Фери
Композитор: Тримор Доми
Видео и графика: Бетим Г. Зеќири
Промотивен материјал: Бетим Зеќири
Фотограф: Драган Гајиќ
Играат:
Адем Карага − Ричард Трети
Шкумбин Истрефи – Кларенс/ Крал Едвард Четврти
Теута Ајдини Јегени − Војвотката од Јорк
Вјолца Бектеши Хамити − Кралица Елизабета
Амернис Нокшиќи − Лејди Ана
Абедин Алими − Бакингам
Осман Ахмети − Стенли
Музбајдин Ќамили − Кетсби
Дритеро Аме − Ратклиф
Фисник Зеќири − Хастингс
Ментор Курти – Ричмонд/ Убиец
Генци Мирзо − Риверс/ Писар
Рахим Рамадани − Дорсет
Сара Бајрами − Кралица Маргарита/ Лавел
Гентиана Рамадани − Тирел
Хетем Етеми − Лорд Мејр/ Убиец/ Блант
Сабина Мемиши Асланај − Војвода од Јорк
Дениз Рустеми − Принцот од Велс
Техничка екипа:
технички раководител: Бујар Муча; раководител на сцена: Ибрахим Џемаили; инженер на сцена: Звонко Драгутиновски; проекција: Бетим Зеќири; инспициент: Едлир Османи; суфлер: Нихал Бехџет; светло: Хилми Муча; тон: Џемаил Џемаил; реквизита: Сулејман Ибраими; декоратери: Џанер Мусиќ, Африм Рустеми и Ремзи Халили; гардеробери: Атиџе Демири и Кадрије Авдиу; шминка: Седат Сефа; изведба на сценографија: Фарук Локи; кројачи: Баки Курти и Хулја Рустеми.
Времетраење: 180 минути со една пауза
Датум на премиера: 12 април 2025
Монументалните дела на Шекспир, иако пишани пред речиси пет века, сè уште фасцинираат со генијалноста на третирањето на комплексноста на човечката природа и нивната актуелност и универзалност во секој период на човечката историја сè до денешно време. Затоа, поставувањето на Шекспировите дела секогаш претставува голем предизвик за секој режисер и театарска куќа. Tаков голем предизвик е и монументалната трагедија „Ричард Трети“, пишана некаде помеѓу 1592 и 1594 година, дело кое ја третира најмрачната страна на човековата природа во борбата за власт, одмазда и тиранското владеење над другите.
Денес, кога глобалната демократија е загрозена од автократските режими, кога вистината е загрозена од лажните вести, неопходно е да го „оживееме“ и видиме на сцена Ричард Трети, со цел да станеме свесни за нашата колективна одговорност во спречување некој сличен на него да „оживее“ во нашата политичка реалност и со неговото владеење да и загрози нашата слобода и демократија.


