Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. Основно, средно и високо образование завршил во Скопје. Во 1976 година дипломира на отсекот за драмски актери во рамките на Вишата музичка школа во Скопје. Уште како студент, хонорарно е вклучен во неколку проекти на Драмскиот театар – Скопје, каде што се вработува во 1978 година. На матичната сцена остварува 43 улоги во претстави од различен жанр, меѓу кои преовладуваат комичните ролји по кои секогаш ќе остане запаметен и сакан од публиката. Учесник е во трите најгледани претстави на Драмскиот театар – Скопје („Солунски патрдии“, „Болва в уво“ и „Викенд на мртовци“), што го прави учесник и во трите најгледани претстави во Македонија со оглед на тоа што секоја од нив живеела на сцената над 20 години.  Покрај настапите на матичната сцена, публиката го препознава и како омилен лик од ТВ-екраните и редовен учесник во македонската кинематографија. Актерската игра на Гоце Тодоровски се одликува со природно чувство за комедија, ненаметлива спонтаност во изразот, карактеристични живи гестови и мимика, виртуозна присутност на сцената и мангупски шарм со чија помош секогаш успева да ја префли играта во гледалиштето и да го плени и да го фати вниманието на секој гледач.

И покрај природната склоност кон комика, Гоце Тодоровски успешно се справува и со драмските задачи кои ги толкува низ својот актерски век. Ќе ја споменеме само суптилно изнијансираната улога на Ангеле во „Лет во место“, како и габаритната улога на Питу во „Сара Бернар“.

Критиката за него ќе каже:
„…Многу значајно место во севкупната поставеност на дејството има играта на Гоце Тодоровски како Ангеле. Со лежерно мајсторство, неговите појави на сцената точно ги лоцираат идеите на режисерот Слободан Унковски за пресметка со мракот, мачнината. Тежината на поттикот е да се оди докрај, до безизлезот, да се биде на сечилото на ножот, на кое се води пресметка со мракот/мачнината. Да се чуе крикот на оние чија адреса е улицата…“ (Лет во место)
„Гоце Тодоровски докрај беше во интимата и структурата на својот јунак, секоја реплика носи ново чувство, нов неочекуван и непредвидлив набој на емоции, нов
елемент од светот во кој човекот е само дел од бескрајот на чиј почеток е неговата
беспомошност, а на крај на тој почеток е надежта…“ (Ревизор)
„Од изведувачката екипа, главниот збор го водеше Гоце Тодоровски. Го разви својот богат сценски темперамент во повеќето различни улоги што ги креираше, претставувајќи ни ги со една мошне сензибилна фактура. Неговите комични сенчења
на ликовите ја имаат секогаш нужната пластичност, свежина, неповторливост. Тоа беше безмалку артистичка вечер на Тодоровски, кој лесно се трансформираше од лик во лик, од сцена во сцена, со што заслужено ги освои симпатиите на публиката.“ (Солунски патрдии)
„Една од константите на претставата и едно од најпријатните изненадувања, секако, беше креацијата на Гоце Тодоровски во улогата на Арлекин, кој се залагаше во играта да внесе посодржајна комика и чии трансформации беа мошне успешни…“ (Арлекин, слуга на двајца господари) „…врз база на мимика, гест и артикулација прави креација која дејствува мошне убедливо во доследноста и пластичноста на креирањето на ликот; креацијата на овој актер претставуваше мало откритие во претставата…“ (Чудото на Свети Ѓорѓија) „…игра раскошно, крајно разиграно, со голема животна уверливост, внесувајќи извонредна атмосфера во целата претстава…“ (Собирен центар) „Неговиот лик беше изграден со точна употреба на комични и мрачни елементи. Тоа придонесе Тодоровски да биде еден од носителите на играта во претставата…“ (Ова не е американски филм) „Гоце Тодоровски како Мачорот Џингискан својот лик го сведува на разиграни импулси во кои има и разиграна самосвесна прецизност и самодопадливост и убава артикулација на темпераментот. Неговиот Џингискан од почеток до крај е цел еден систем на разработени и доработени импулси.“ (Мачорот Џингискан и Мики Траси)
Гоце Тодоровски е активен на повеќе полиња надвор од театарот. Со група актери работи на македонската естрадна сцена на комични серии, пиеси и скечеви. Учесник е во најдолговечното сатирично шоу во македонскиот радио етер – „Хихириху“. Со
колегите Ванчо Петрушевски, Благој Чоревски и Ѓорѓи Колозов ја основа
комично-сатиричната театарска трупа „Модро окце“. Еден е од творците и долгогодишните учесници на Македонските народни приказни. Бил десетина пати во Австралија, каде што со тамошните аматери од театарот „Бумеранг“ работи повеќе претстави кои ги режира и во кои игра.
Неговите многубројни настапи, театарски, телевизиски, филмски и естрадни, го прават едно од најпопуларните и најпрепознатливи лица во земјава.
ТЕАТРОГРАФИЈА:
Драмски театар – Скопје (комплетна театрографија)

  • И бол и бес од Славко Јаневски; режисер: Димитрие Османли; улога: Двобојна
    слика; премиера: 16.4.1975
  • . Достага на самиот врв на највисоката власт од Коле Чашуле; режисер:
    Љубиша Георгиевски; улога: Втор новинар; премиера: 28.12.1975
  • Цар Едип од Софокле; режисер: Миле Корун; улога: Жител на Тива; премиера: 12.7.1976
  • Џинот од Ѓорѓи Сталев; режисер: Васил Ќортошев; улога: Маж; премиера: 18.12.1976
  • Баш Челик од Горан Бабиќ; режисер: Коле Ангеловски; улога: Соколски цар/
    Џин II/ Меанџија/ Пустинец; премиера: 28.4.1977
  • Ревизор од Гогољ; режисер: Димитар Станковски; улога: Лука Лукич Хлопов,
    инспектор на училиштата; премиера: 31.3.1978
  • Шекспир во приказни од Богомил Ѓузел (според Чарлс и Мери Лемб); режисер:
    Коле Ангеловски; улога: Спретко/ Ѓаволчето; премиера: 1.6.1978
  • Солунски патрдии од Миле Поповски; режисер: Коле Ангеловски; улога:
    Цанде; премиера: 13.6.1979
  • Дон Жуан од Молиер; режисер: Љубиша Георгиевски; улога: Питачот;
    премиера: 4.6.1980
  • Бркотница од Лев Биринскиј; режисер: Владимир Милчин; улога: Давидов,
    чиновник; премиера: 14.12.1980
  • Чудото на Свети Ѓорѓи од Русомир Богдановски; режисер: Слободан
    Унковски; улога: Помалиот брат; премиера: 19.4.1981
  • Џон Пиплфокс од Горан Беловиќ и Душан Радовиќ; режисер: Коле Ангеловски;
    улога: Големиот пират; премиера: 21.11.1981
  • Ајкула од Виктор Хаим; режисер: Ѓорѓи Стојаноски; улога: Артур; премиера:
    28.1.1982
  • Полнета птица од Фадил Хаџиќ; режисер: Димитрие Османли; премиера:
    30.9.1982
  • Мачорот Џингискан и Мики Траси од Весна Парун; режисер: Звездана Ладика;
    улога: Мачорот Џингискан; премиера: 26.11.1982
  • Јадигар од Васе Манчев; режисер: Борко Зафировски; улога: Леле Мале, синче
    на Ајде Ујде, слабокрвно дете околу 10 години; премиера: 24.4.1983
  • Ловечка сказна од Стеван Пешиќ; режисер: Коле Ангеловски; улога: Пикас;
    премиера: 1.6.1985
  • Викенд на мртовци од Миле Поповски; режисер: Коле Ангеловски; улога:
    Ачко, молер; премиера: 21.12.1985
  • Кабаре Коприварник од Иван Карадак и Љупчо Силјановски; режисер: Коле
    Ангеловски; улога: Учесник; премиера: 8.3.1986
  • Сара Бернар од Џон Марел; режисер: Димитар Станковски; улога: Питу;
    премиера: 3.7.1987
  • Ноќ спроти водици од Вилијам Шекспир; режисер Димитар Станковски; улога:
    Сер Тоби Ждригало, вујко на Оливија; премиера: 6.12.1986
  • Клаустрофобична комедија од Душан Ковачевиќ; режисер: Димитар
    Станковски; улога: Вуле, милиционерот; премиера: 26.3.1988
  • Собирен центар од Душан Ковачевиќ; режисер: Коле Ангеловски; улога:
    Петар, бивш учител. Го напуштил просветителското место и поминал во
    „слободни“ археолози; премиера: 28.1.1989
  • Чија си од Сашко Насев; режисер: Димитар Станковски; улога: Ринго Шатка;
    премиера: 9.2.1991
  • Балконот од Жан Жене; режисер: Ивица Кунчевиќ; улога: Генералот;
    премиера: 12.4.1991
  • Женски оркестар од Сашко Насев (според Жан Ануј); режисер: Димитар
    Станковски; улога: Сузана Тодоровска; премиера: 21.6.1991
  • Харем од Сашко Насев; режисер: Димитар Станковски; улога: Дурмиш Тута
    Велики; премиера: 2.4.1994
  • Кумови од Коле Ангеловски; режисер: Коле Ангеловски; улога: Ќорле;
    премиера: 1.10.1995
  • This Is Not an American Movie – Ова не е американски филм од Сашо
    Миленковски; режисер: Сашо Миленковски; улога Главниот; премиера:
    20.4.1997
  • Свадбата на Фигаро или Налудничав ден од Бомарше; режија Коле
    Ангеловски; улога: Антонио, дворски градинар; премиера: 23.7.1998
  • Арлекин или Слуга на двајца господари од Крло Голдони; режисер: Коле
    Ангеловски; улога: Панталоне де Бисоњози; премиера: 9.7.1999
  • Мефисто од Аријана Мнушкин (Спoред делото на Клаус Ман); режисер: Коле
    Ангеловски; улога: Кнур; премиера: 5.10.2000
  • Сон на летната ноќ од Шекспир; режисер: Димитар Станковски; улога: Санде
    Свирче; премиера: 27.1.2001
  • Мала тезга за стари кловнови од Матеј Висниак; режисер: Коле Ангеловски;улога: Филипо; премиера: 7.12.2002
  • Поручникот од Инишмор од Мартин Медона; режисер Зоја Бузалковска; улога:
    Кристи; премиера: 5.10.2005
  • . Купидона од Срѓан Јаниќијевиќ; режисер: Срѓан Јаниќијевиќ; улога: Вториот
    полицаец/ Третиот маскиран; премиера: 28.12.2005
  • Ладало според Карло Голдони; режисер: Коле Ангеловски; улога: Осман-бег;
    премиера: 31.5.2006
  • Македонски рулет од Љубиша Георгиевски; режисер: Сашо Миленковски;
    улога: Тоза; премиера: 6.12.2007
  • Сон на летната ноќ од Шекспир; режисер: Коле Ангеловски; улога: Гоце
    Гладник; премиера: 15.7.2008
  • . Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински; режисер: Сташа Зуровац;
    улога: Богдан/ Шјахот; премиера: 16.12.2012
  • Буре барут од Дејан Дуковски; режисер Сашо Миленковски; улога: Свето;
    премиера: 21.4.2016
  • Атена со пенис од Алек Русјаков; режисер: Синиша Евтимов; улога: Синот;
    премиера: 19.5.2017
  • Како да се ограби банка од Семи Фејд; режисер Симон Манасковски; улога:
    Ставре; премиера: 23.2.2018
  1. II) Друго (селективна театрографија)
    Децата од Павловата улица од Ференц Молнар; режисер Душан Наумовски;
    улога: Ерне Немечек; Продукција: Универзална сала – Скопје
    2. Бркотница од Лев Биринскиј; режисер Душко Георгиевски; продукција:
    Народен театар – Куманово
    3. Лет во место од Горан Стефановски; режисер: Слободан Унковски; улога:
    Ангеле; продукција: Независна театарска група „Лет во место“ и Дом на млади
    25 Мај (МКЦ); 1982
    4. Арлекин, слуга на двајца господари од Карло Голдони; режисер: Коле
    Ангеловски; улога: Арлекин; продукција: Народен театар – Велес
    5. Ревизор од Гогољ; режисер: Коле Ангеловски; продукција: Народен театар –
    Штип
    6. Чудовишта во нашиот град од Русомир Богдановски; режисер Коле
    Ангеловски; продукција: Театар за деца и младинци


    ФИЛМ И ТЕЛЕВИЗИЈА (комплетни податоци):

1. 2. 3. Цимерите од соба 306, ТВ-филм; 1976
Итар Пејо, ТВ-серија; 1977
Наши години, ТВ-серија; 1979
4. Учителот, ТВ-филм; 1980
5. Црвениот коњ, филм; 1981
6. Булки крај шините, ТВ-серија; 1981
7. Седум секретари на СКОЈ, ТВ-серија; 1981
8. Записник, ТВ-филм; 1983
9. Црвениот коњ, ТВ-серија; 1983
10. Јуначко колено, ТВ-серија; 1984
11. Комедијанти, ТВ-серија; 1984
12. Лет во место, ТВ-филм; 1984
13. Хихириху -5 години, ТВ-филм; 1984
14. Легенди и преданија, ТВ-серија; 1984/85
15. На наш начин, ТВ-серија; 1985
16. Бушава азбука, ТВ-серија; 1985
17. Ајде да се дружиме, ТВ-серија; 1985
18. Среќна нова ’49, филм; 1986
19. Солунски патрдии, ТВ-серија; 1986
20. Македонски народни приказни, 1986-1992
21. Трето доба, ТВ-серија; 1987
22. Трст виа Скопје, ТВ-серија; 1987
23. Училиште за кловнови, ТВ-серија; 1987
24. Театарче Лево ќоше, ТВ-серија; 1987
25. Викенд на мртовци, филм; 1988
26. Тврдокорни, ТВ-серија; 1989
27. Викенд на мртовци, ТВ-серија; 1990
28. Поштар, ТВ-филм; 1991
29. Елелига пепелига, ТВ-серија; 1991
30. Време, живот, филм; 1992
31. Чудовишта во нашиот град, ТВ-серија; 1992
32. Македонски народни приказни (втор серијал) ТВ-серија; 1993-2003
33. Прекалени, ТВ-серија; 1994
34. Пред дождот, филм; 1994
35. Ангели на отпад, филм; 1995
36. Салон Хармони, ТВ-серија; 1998
37. Каца, ТВ-филм; 1999
38. Хихириху – 20 години, ТВ-филм; 1999
39. Погрешно време, ТВ-серија; 2000
40. Светот има осум страни, ТВ-серија; 2000/2001
41. Ноќ спроти Свети Василиј, ТВ-филм; 2001
42. Наше маало, ТВ-серија; 2002
43. Битолски лакрдии, ТВ-серија; 2003
44. Хихириху – 25 години, ТВ-филм; 2004
45. Пусто турско, филм; 2006
46. Превртено, филм; 2007
47. Балкан бенд, ТВ-серија; 2009
48. Народни приказни, ТВ-серија; 2009/2010
49. Царската е последна, ТВ-филм; 2010
50. Азиланти, ТВ-серија; 2010
51. Македонски стари приказни, ТВ-серија; 2010/2011
52. Македонски народни приказни (трет серијал), ТВ-серија; 2010-2017
53. Тврдокорни, ТВ-серија; 2013/14
54. До балчак, филм; 2014
55. Збор, филм; 2015
56. Ослободување на Скопје, филм; 2016
57. Ругање со Христа, филм; 2018
58. Преспав, ТВ-серија; 2019
59. Македонски народни приказни (четврти серијал), ТВ-серија; 2022
60. Ручек, ТВ-филм; 2022
61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022

НАГРАДИ

1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“
1986; Награда за најпопуларно ТВ-лице од дневниот весник „Вечер“
2020; Театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, Крива Паланка: награда „Св. Јоаким Осоговски“ за значаен придонес во областа на театарот и уметноста
2023; Орден за заслуги за Република Северна Македонија што го доделува
претседателот на РСМ.

Слични Објави