ЦРНО СЕМЕ

Продукција: НУ НАРОДЕН ТЕАТАР − БИТОЛА

Автор: Ташко Ѓорѓиевски

Режија: Андреј Цветановски

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 07.06.2025

Драматизација: Јелена Цветановска

Сценограф: Сергеј Светозарев

Костимограф: Благој Мицевски

Сценски движења: Дамјан Цветановски

Музика: Димитар Андоновски

Дизајн на светло: Никола Ѓоргиевски

Дизајн на звук: Александар Димовски

 

Играат:

Мартин Мирчевски − Доне Совичанов

Огнен Дранговски − Христо Согламов

Васко Мавровски − Парис

Никола Стефанов − Марко Кизовски

Петар Спировски − Грчето Нико

Никола Пројчевски − Димо

Хари Михајловски − Ѓорѓи

Александар Стефановски − Јане

Петар Горко − Капетан Скалумбакис

Борче Ѓаковски − Потпоручник Маки

Живко Борисовски − Наредник

Марија Цветановска − Ангелина

Александар Димитровски − Коле Крокаровски

Александар Копања − Офицер

Давид Балтовски − Грчки војник

Филип Стефановски−- Грчки војник

Виктор Крстевски − Грчки војник

Александар Ѓоргиовски − Грчки војник

 

Техничка екипа:

Игор Мицевски, светло-мајстор − Горан Петровски, инспициент − Димитар Михајловски, суфлер − Мирјана Христовска, Петар Трајчевски, Цветан Јовановски, Пеце Босилковски, Ѓорѓи Крнчев, Иле Мангелов, Александар Сотировски, Николче Думевски, Златко Ѓоргиевски, Николче Котевски, Лилјана Китановска, Стефанија Илиевски, Владимир Переловски, Александар Митровски, Сашо Илковски.

 

Времетраење: 110 минути

Датум на премиера: 16 април 2025

 

Темата на „Црно семе“ е голема, особено за историјата на Македонецот од Егејска Македонија. Но таа е релевантна и за сите други приказни за луѓето што завршиле на слични места како островите кои се користеле како концентрациони кампови. Големината на темата е универзална, и дека секој мал народ има слична судбина во однос на непризнавањето на потребата да се чувствува како свој. Преку занимавањето со прашањето дали треба да се издржи и да се остане свој и покрај сите притисоци, мислам дека направивме претстава која зборува за индивидуалното страдање и начинот на кој секој еден човек го носи крстот, и како се бори со тоа да остане свој, но и што е она што го крепи да издржи, бидејќи „Мислата е посилна од сè“!