ТУКА ЌЕ НИ БИДЕ КРАЈОТ (ДИПЛОМСКА ПРЕТСТАВА)

Продукција: ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ − СКОПЈЕ

Автор: Милена Марковиќ

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 11.06.2025

Превод: Срѓан Јаниќијевиќ, Мина Јелушиќ Јериниќ и Кристина Леловац

Оригинална музика: Ади Имери, Лука Тошев, Карло Јованоски и Лука Кантарџиев

Дизајн на светло: Александар Јовановски

Играат:

Мартина Даниловска

Андреј Димовски

Мина Јелушиќ Јериниќ

Марко Младеновиќ

Наум Ѓорѓиески

Марија Бреслиска

Димитар Паскоски

Христијан Ристески

Ангела Лефкова

Марија Талеска 

Талија Ѓорѓиева

Класата ја водат проф. д-р Сузана Киранџиска и проф. д-р Кристина Леловац

 

Техничка екипа:

тон − Лука Тошев; светло − Александар Јовановски; техничка поддршка − Влатко Савевски и Горан Станојевиќ

Времетраење: 90 минути

*Предупредување: Во претставата има експлицитни сцени на злоупотреба на дрога и алкохол, физичко и сексуално насилство, силување, убиство и самоубиство.

Дипломската претстава на студентите на ФДУ од одделот Драмски актери, во класата што ја водат проф. д-р Сузана Киранџиска и проф. д-р Кристина Леловац, е постдрамска композиција од мотиви од драмите „Павилјони“, „Шини“, „Најдениот Симеон“, „Шумата блеска“ и „Жица“ на Милена Марковиќ. 

Нурнувајќи се длабоко во суровиот свет на авторката, во кој ништо не е дословно, па ни крајот, студентките и студентите, посветено и безрезервно, на сцената живеат фрагментирани судбини на оние што, отфрлени и заборавени, живеат на работ. Одважно надминувајќи ги сопствените граници на сценско дејствување, тие ги рушат границите на сценскиот простор и ја вовлекуваат публиката во колективна мрачна катарза, каде што театарската илузија се претвора во нашата сурова реалност.