Награда за животно дело: Снежана Коневска – Руси
Снежана Коневски-Руси e родена на 8 декември 1952 г. во Ниш. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Вишата музичка школа (Факултет за драмски уметности − Скопје), на отсекот за актерска игра, во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски, во 1975 г. (прогласена за најдобар студент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со средна оценка 9,54 − наградена со златен часовник). Од 1978 г. работи во Македонски народен театар − Скопје. Од 1999 до 2001 г. е специјализант на режија на НАТФИЗ, Софија, на пантомима и кореодрама, во класата на Александар Илиев.
Селективна театрографија:
- (Најкратки драми на светот, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Пламенка (Прекината одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацег Гломб, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Пелагеја Антоновна/Софија Павловна (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Мајката (Бледица, 2013), режисер: Кире Георгиев, продукција: Народниот театар „Антон Панов“ − Струмица
- Мајката (Самовилско јајце, 2011), автор: Исидора Данкан, режисер: Снежана Коневски-Руси, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Љубов Андреевна (Вишновата градина, 2010), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Мајката на Марко Цепенков (Марко Цепенков, 2010), драматизација и режија: Снежана Конески-Руси, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Лисјена Хомендис де Хистангва (Болва в уво, 2007), автор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Мајката (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Коферти, режисер: Филип Ле Моан, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Старица (Жени во народното собрание, 2004), автор: Аристофан, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- (Дипломец, 2004), автор: Чарлс Веб; режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Г-ѓа Рисе (Дед лајн, 2003), автор: Ги Фоаси, режисер: Александар Илиев продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Талаша (Писание, 2002), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Баба Добрила (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Г-ѓа Рисе (Дед лајн, 2000), автор: Ги Фоаси, режисер: Александар Илиев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Жената на бакалот (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Французинката (Еригон, 1999), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Трагичарката (Т… љубов моја, 1998) (авторски проект), автор: Валериј Петров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Хор, Жаби Слугинката (Мелница, 1998), автор: Аристофан, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Директорката (Мелница, 1996), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Бабата, Девојката (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Сестра Ана (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Хекуба (Хекуба, 1994), автор: Еврипид, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
- Спировица (Народен пратеник, 1993), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Османли, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Соланж (Слугинки, 1993), автор: Жан Жене, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Скок преку кожа, 1992/93), автор: Томе Арсовски, режисер: Ѓорѓи Трајанов, продукција: Народен театар − Штип
- Гона, Девојката (Големиот Чичко, 1992/93), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар − Штип
- Мумијата (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Клодина (Жорж Данден, 1992), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Индијанката Дакота Кид (Беше тоа на Дивиот Запад, 1992), автор: Драгана Бошковиќ, режисер: Димитрие Осмали, продукција: Театарот за деца и младинци – Скопје
- Гона (Големиот Чичко, 1992), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар − Штип
- Шашле од Зашле (Кралот Кускуле Први, 1991), автор: Васил Пујовски, режисер: Душан Наумовски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје
- Нела (Крајот на играта, 1991), автор: Семјуел Бекет, режисер: Горан Тренчоски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Романката (Зора на истокот, 1991), автор: Горан Михиќ, режисер: Душко Наумовски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Мома македонска (Бразда, 1990), режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје (драма, опера, балет)
- Гусарот (Вртимушка, 1990), автор и режисер: Афродита Кирјаковска, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Кралицата Маргарита (Ричард Трети, 1990), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Нина (Галеб, 1990), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Лоби (Посета на старата дама, 1990), автор: Фридирих Диреман, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Еѓупката (Еѓупка, 1989), режисер: Рахим Бурхан, продукција: Театар „Пралиле“
- Иванка (Црвенкапа, 1990), автор: Александар Поповиќ, режисер: Димитар Христов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје
- Девојката (Пуста земја, 1989), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица
- Принцезата (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Сара (Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Метресата (Забуни, 1989), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Девојката (Пуста земја, 1989), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица
- Девојката (Антица, 1988), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Цвета (Црна дупка, 1988), автор: Горан Стефановски, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Смилка (Револуционер, 1988), автор: Братислав Димитров, режисер: Ацо Алексов, продукција: Народен театар „Антон Панов“ − Струмица;
- Ифигенија (Сенката, 1988), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица
- Антонија (Дон Кихот, 1987), автор: Михаил Булгаков, режисер: Златко Свибен, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Војникот фалбаџија, 1987/88), автор: Тит Палут, режисер: Валдемар Шмигашијевич, продукција: Народен театар – Куманово
- Невестата (Малограѓанска свадба, 1986), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владимир Цветановски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Љубимката (Големиот брилијантен валцер, 1986), автор: Драго Јанчар, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Рамна земја, 1985), автор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Селина (Слободни врски, 1984), автор: Мајкл Велер, режисер: Ајвин Луис, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Нале (Среќна нова ’49, 1984), автор: Гордан Михиќ, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Мери, ангорска мачка (Воена тајна, 1984), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Душко Наумовски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Шулко (Кршалнига, 1983), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Ходел/Хава, мјузикл (Свирач на покрив, 1983), автор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар − Скопје;
- Пенка (Макавејските празници, 1983), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Новинар (Јулие Цезар, 1982), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Лусил (Граѓанинот благородник, 1982), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Димитар Христов, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Пафтен појас, 1981), автор: Миле Поповски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Ирина (Лов на диви пајки, 1979), автор: Александар Вампилов, режисер: Александар Дунаев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Агафја Тихоновна (Женидба, 1979), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Ана Комнена (Алексијада, 1978), автор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Стојанка (Чорбаџи Теодос, 1978), автор: Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Данка (Скок преку кожа, 1978), автор: Томе Арсовски, режисер: Ѓорѓи Трајанов, продукција: Народен театар − Штип
- Слепата девојка (Крчма под зеленото дрво, 1977), автор: Петар Ковачевиќ, режисер: Владимир Стрниско, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Благовеста (Студенти, 1977), автор: Бранко Пендовски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Отепувачка, 1973), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1976), автор: Пабло Неруда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Царот (Андрокле и лавот, 1976), автор: Џорџ Бернард Шо, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Агамемнон и Електра, 1976), автор: Есхил и Софокле, режија: Димитар Христов, продукција: Народен театар – Битола
- Детето Кинез (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Ана (Ана Франк, 1975), автор: Ф. Алберт, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Шинел, 1975), автор: Н. В. Гогољ, режисер: Никола Аслимовски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Наде (Потоп, 1974), автор: Бранко Пендовски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Таа (Димна Јуда, град градила, 1974), автор: Душко Наневски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар − Скопје
- Босилка Кочоска (Ѕидот, водата, 1973), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Фриц фон Калб, Хенри Гонтард, Христијане, Лоте Цимер (Хелдерлин, 1973), автор: Питер Вајс, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
-
- Војникот фалбаџија, продукција: Народен театар – Куманово
- Касандра (Агамемнон и Електра) режисер: Димитар Христов, продукција: Народен театар − Битола
- Невестата Маја (Змејовите заминуваат) автор: Југослав Петровски, режија Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, Велес
- Невестата (Килиба), автор: Југослав Петровски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
- (Окованиот Прометеј), режисер: Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
- Хекуба (Хекуба), автор: Еврипид, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
- Иванка (Црвенкапа), режисер: Димитар Христов, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје
- Шашле од Зашле (Кускуле Први), автор: Васил Пујовски, режисер: Душко Наумовски, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје
- Индијанката (Беше тоа на Дивиот Запад) режисер: Димитрие Османли, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје
- Ветрушка (Како се станува цар), актер и режисер, продукција: театарче „Мира лектира“
- Цвета (Грдата Цвета), актер и режисер, продукција: театарче „Мира лектира“
- Принцеза (Со најкренат нос принцеза), актер и режисер, продукција: театарче „Мира лектира“
- Мајката (Мајка и син), автор: Јан Фосе, режисер: Оливер Митковски, продукција: МКЦ, Скопје
Селективна филмографија:
- Рајна (Вистинска љубов, ТВ-филм, 2016), автор: Сашко Насев, режисер: Јани Бојаџи
- Невена (Звукот на светлината, ТВ-филм, 2002), автор: Душко Атанасовски, режисер: Томислав Алексов
- (Премиера, ТВ-филм, 1983), автори: Милан Банов, Коле Чашуле, Аљоша Смилјановски, режисер: Ацо Алексов
- (Прва вечер), режисер: Димитрие Османли
ТВ-серии − избор:
- Рајне (Трето па машко, 2011)
- Тетка Летка (Народни приказни, 2009)
- Лимбе (Погрешно време, 2009-2010), режисер; Драган Вељановски
- Флоренс Најтингејл, Бароница (Еурека, 1993)
- (Тврдокорни, 1992)
- (Македонски народни приказни, 1991)
- Сестра на Аска (Залез над езерската земја, 1973), автор: Томе Арсовски, режисер: Благој Андреев.
Режии, проекти и реализации – избор:
-
- 2023 – коосновач на ЗГ АРТ КУЛТ-УРА! – здружение за промоција, афирмација на изведувачки уметности (реализирани едукативни, интерактивни претстави – „12 божикни денови“, „Еко Енко Роденденко“, „Распеана турлитава“, „Приказни од ковчежето“ и др.)
- Коосновач на фестивалот за пантомима и физички театар во МНТ – „ПАНФИЗ“
- 2023 − Еврејската заедница – „Сеќавања“ − одбележан ЕДЕК европскиот ден на еврејската култура со драмско-музички проект реализиран во Музејот на холокаустот − драматизација на трите книги стенограми на Мориц Романо и режија – учесници – актери; Петар Горко и Снежана Конески-Руси (драматург, актер и режисер)
- 2020 – „Љубовни ноти“, сценски перформанс, организација: Црвен крст (сценарио и водител)
- 2019/2020 – „Кој го успа Дедо Мраз“ новогодишна претстава за деца (текст и режија)
- 2019 – „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – 6. Меѓународен драмски инклузивен фестивал – МНТ (голема и мала сцена) со гости од Србија (Белград и Јагодина) БиХ-Тузла, Романија-Клуж, Бугарија-Софија
- 2019 – инклузивна балетска претстава „Пепелашка“ (режија, со балетското студио „Еурека“ во инклузија со лица со ПП, продукција: МОБ)
- 2019 − Црвен крст и сѐ е можно – „Љубовни ноти“ (сценарио, водител)
- 2018 – 5. Меѓународен драмски фестивал на лица со или без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – театар без дискриминација (уметнички директор, сценарист, режисер)
- 2018 – Музеј на холокаустот –„Раскажи ми приказна“ (драматизација, актер, режисер) − одбележување на Европскиот ден на еврејската култура во Македонија − ЕДЕК
- 2018 – ТЕАТАР ВО ВИЗБА – претстава, мјузикл со волонтерите на Црвениот крст, со хуманитарен карактер за пациенти на хематологија (текст и режија)
- 2017 – ИГРИ БЕЗ МАСКА – театар без дискриминација, 4. Меѓународен драмски фестивал – МНТ (уметнички директор)
- 2016 – јубилеј 15 години балетско студио „Еурека“ (режија), МОБ
- 2016 – Европски ден на еврејската култура во Македонија – драматизација на „Роман во слики“ (режија, актер), „Колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш“ − МНТ
- 2016 − МНТ – 3. Меѓународен драмски фестивал „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – театар без дискриминација – (уметнички директор, сценарист, режисер), МНТ (мала и голема сцена)
- 2015 – Црвен крст и сѐ е можно – 70-годишен јубилеј на Црвен крст на Град Скопје во Театар Комедија (сценарио, режија)
- 2015 – Национален драмски фестивал за лица со или без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“, театар без дискриминација (уметнички директор, сценарио, режија), Драмски театар
- 2015 – Песна, оро, стих, драма – 50-годишен јубилеј на Лилјана Стоилковска Андовска со НУ ансамблот „Танец“ во МОБ (сценарио, актер водител, режисер)
- 2015 − Европски ден на еврејската култура „МОСТОВИ“ (сценарио, актер, режисер), МНТ
- 2015 − 2. Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“, театар без дискриминација (организатор и уметнички директор), МОБ и МНТ
- 2014 –„Јазична работилница“ – претстава на членовите на Школата за драмски актери од ОУ во Општина Карпош (текст и режија) и учество на првиот Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА “ – театар без дискриминација), МОБ
- 2011 – режија на проект во основните училишта на Општина Карпош „Нашиот остров“, од Трајче Кацаров, Школа за драмски актери – Општина Карпош
- 2016 − „Приказна за една идеја“, сценарио и режија (актер заедно со Томе Витанов, Андре Динан и волонтери на Црвениот крст): продукција: Театар Комедија, Скопје
- 2016 –„Новогодишна екосказна“ (текст, актер, режија)
- 2014 – режија на претставата „Солунски патрдии“ со членовите на школата од ОУ во Општина Карпош
- 2014 – новогодишен проект „Снежната кралица 2“, МНТ (текст, актер, режисер)
- 2013 – Европски ден на еврејската култура во РМ „Јудаизмот − аманет на природата“ (текст, режија, актер)
- 2013 − одбележани 40 години уметничко творење со претставата „Вишник“ од Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, во рамките на Скопско културно лето
- 2013 – „Снежната кралица“, новогодишна претстава за деца − МНТ (текст, актер, режија)
- 2013 − проект „Училница мачилница“, талент-шоу за ученици во основните училишта во Општина Карпош (сценарио и режија)
- 2012-13 − новогодишен проект во МНТ (текст и режија) под наслов „Тимоти Твидл“ – првиот помошник на Дедо Мраз
- 2012 – проект во основните училишта на Општина Карпош, сценарист и режисер „Наши години“ (македонско народно творештво-Цепенков)
- 2012 – двојазичен проект на Црвен крст на општините Центар и Гази Баба, „Погодете кој доаѓа на вечера“– сценарист, режисер и актер
- 2012 – „12 божиќни денови“, новогодишен проект за децата со посебни потреби под покровителство на Црвен крст и МНТ − сценарист, режисер и актер
- 2011-2012 – МНТ – текст и режија на театарска новогодишна претстава „Новогодишен сон“
- 2011-2013 в проект „Македонија наш дом“, мултикултурна манифестација под покровителство на АОПЗ и ОБСЕ (водител)
-
- 2011 – режисер на проектот во основните училишта на Општина Карпош – „Заедно“
- 2011 – проект „Мрежа за мултикултурно општество во РМ“ – носител Црногорската заедница во РМ, под наслов „Да живееме еден со друг, не еден покрај друг“, сценарист и режисер
- 2011 – текст и режија на претстава за деца во МНТ „Самовилско јајце“, со што и официјално е отворена детската сцена во МНТ
- 2011-2012 – новогодишен проект на МНТ и Универзална сала, „Дедо Мраз на Марс“ (текст и режија)
- 2008 – 10 години од МОЗАИК програма на двојазични групи во градинки во РМ под покровителство на НВО „Потрага по заедничка основа“ – сценарио и режија
- 2007-2013 кастинг-директор на ТВ-програма за деца во регионот на Југоисточна Европа – на каналот „Минимакс“, натсинхронизација на анимирани филмови за деца и млади; натсинхронизација на филмови на македонски јазик: „Гумениот Тарзан“, „Десперо“, „Штрумфови 2“ во „Синеплекс“
- 2007 – Европски ден на еврејската култура во Македонија, театарски проект – сценарио, режија и актер-водител – Куршумли ан
- 2006 – сценарист, режисер и актер во новогодишниот проект на МНТ и МКЦ „Божиќен колач на пријателството“ – претстава
- 2000–2004 – уметнички раководител на Драмата на МНТ, период искористен за поинтензивна соработка на двете институции МНТ и МРТВ (огледан преку снимање на сиот репертоар на претставите на МНТ, снимање рекламни ТВ-спотови за маркетиншко покривање, подготовка на специјални емисии за нивните активности (премиери, гостувања, фестивали)
- Режисер – регионален проект − „Волшамба“, автор: Трајче Кацаров, поддржан од ФАРЕ програмата на Министерството за култура на РМ, на македонски, албански, турски и ромски јазик
- Асистент-режисер на „Цар Самуил“ во Операта на МНТ
- Асистент-режисер на „Жени во народното собрание“ во Драмата на МНТ, 2004 г.
- Режисер – Свечено отворање на Мајските оперски вечери – за животот и делото на Верди.
Останато:
- Од 1963 до 1964 г. е редовен член на Детската радиодрама во РТС под раководство на Славица Тодорова, како и режисерите: Спасе Нелов, Миодраг Шаурек и Благоја Андреев со кои се реализираат многу детски радио и ТВ-емисии од едукативен, забавен карактер: „Приказни од лулето“, „Добра ноќ, деца“, „Пссст, Крстословка“; утрински емисии, „Весела вртешка“, многу радиодрами и др.
- Од 1972 до 1973 г. е вработена во РТС како спикер-водител во секторот за говорно-уметничка изведба на програмата и заедно со најстарите спикери Оливера Попанкова и Иван Антонов, како и со целата тогашна гарнитура: Попов, Саздов, Беличанец, како директни партнери, и Велкова, Апостолова и др. врши опслуга на сите емисии на првата и втора програма на Македонското радио (вести, утрински, пладневен и вечерен радиовесник, како и друг тип емисии од музички, забавен и водителски карактер)
- Творец е на голем број проекти за деца (од предучилишна и училишна возраст), поводни програми со Детскиот културен центар — Карпош, со Универзалната сала, Дирекција за култура, КИЦ (Салон 19, 19): новогодишни претстави за деца, „Играм и пеам за мојата мајка“, „Вреди да се штеди“, „Оро без граници“
- Соработка со МРТВ, пред сè, во програмата за деца и млади, во креирање и изведување многу емисии и серии: „Најпознатите бајки на светот“, „Дајте музика“, „Големи и мали“
- Синхронизација на цртани филмови и ТВ-проекти, образовни и контактни емисии и сл.
- Сценарист и водител на детски музички фестивали: „Златно славејче“, Скопје, „Пинокио“, Кочани, „Калинка“, Гевгелија
- Долгогодишен соработник на ФААТ, па ДАФ, Кочани: како селектор, член на жири-комисија и уметнички директор
- Основач и раководител на ДД Студио „Снешка“ (при Градското собрание, подоцна при ДКЦ „Карпош“) со претстави: „Пепелашка“, „Заспаната убавица“, „Злата Позлатена“, „Снежана и 7-те џуџиња, „Пинокио“, „Приказни од ковчежето“, „Шашаријада“ и др.
- Реализатор на специјални програми на НВО потпомогнати од Центарот за мултикултурно разбирање и соработка и „Потрага по заедничка основа“ – спотови, емисии за културно разбирање и толеранција, како и мјузиклот „Заедно“ на македонски, албански, турски и ромски јазик, поддржан од ФАРЕ програмата на Комисијата за култура
- Активности со Дирекцијата за култура: Самовила во проектот „Гор јаболко“ (македонски балади, како актер, режисер: Виолета Џолева), „Гранични средби на Македонија и Бугарија“ (водител), концерти на КУД „Орце Николов“, КУД „Кочо Рацин“ (сценарист и водител), водител на концерти на ансамблот „Танец“ (во Македонија, Србија)
- „Струшки вечери на поезијата“ – Струга (поетски читања, промоции на книги, песни, стихозбирки на поетите: Јачев, Чаповски, Конески, Шопов, Матевски, Чаловски, Сретен Перовиќ …
Награди: - Трета награда на анонимен отворен конкурс за монодрамски текст „BIVIR“ (Да живееш, да преживееш), во Домот на култура − Битола (2024), излезена во печат книгата „Слободата живее тука“
- Награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за најдобро актерско остварување за улогата на Маргарита во претставата „Ричард Трети“, 1991 г.
- Награда „13 Ноември“ на Град Скопје за 20-годишен актерски опус, за активно учество во јавните манифестации, во градот и Републиката, за водителство и презентерство на македонската култура надвор од границите на нашата земја (Бугарија, Германија, Шведска, Грција), 1992 г.
- Награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за епизодна улога за Слепата девојка во претставата „Крчма под зеленото дрво“, 1976 г.
- Награда на весникот „Млад борец“ за успешен млад актер за улогата на Девојката во претставата „Димна Јуда, град градила“ и за монодрамата – „Ана Франк“, 1974 г.