КАЗАБАЛКАН

Автор: Горан Стефановски
Режија: Дамјан Костовски
Претставата се одигра на сцената на Гастробар МОНАРКА на 12.06.2025
Продуцент и сценограф: Екатерина Николовска
Костимограф: Екатерина Добривојевска
Композитор: Бојан Филиповски
Играат:
Мирјана Трпковска Костовска − Зора
Владимир Петровиќ − Мик
Васко Костовски − Константин
Горан Ников − Гавро
Марина Поп Панкова − Дуда
Јана Вељановска − Тања
Христијан Поп-Симонов − Лука
Димитар Паскоски − Праџапати
Саша Димитриевска − Јана
Техничка екипа:
светло − Дамјан Костовски; тон-мајстор − Бојан Филиповски; реквизитер − Екатерина Николовска; гардеробер, шминка и фризура − Екатерина Добривојевска
Времетраење: 90 минути
Датум на премиера: 19 ноември 2024
Вистински предизвик и одговорност е да се постави драмскиот текст „Казабалкан“ во ова време, не само затоа што станува збор за текст на Горан Стефановски, туку затоа што главна тема на оваа драма е бесмислата на војната.
Претставата „Казабалкан“ зборува за индивидуата во време на војна каде што
љубовта и основниот инстинкт за преживување го тераат човекот да поверува
во чуда.
Во претставата „Казабалкан“, Зора измислува приказна за да ја утеши својата
ќерка Јана, која одбива да прифати дека татко ѝ е убиен во војната. Дејството се одвива во Лондон и на бродот „Казабалкан“. Ликовите на бродот се слика на луѓето што ги создава војната − бескрупулозни, сурови и себични. На крајот Јана сфаќа дека нејзината мајка ја измислила приказната и дека татко ѝ не е жив. Од наивно дете на почетокот на претставата, на крајот таа созрева, ја сфаќа сериозноста на животот и одлучува да ја преземе улогата на родител и да ја утеши својата мајка.
Дејството во оваа претстава стилски и жанровски се развива од реализам до
драма на апсурд, па поради тоа, претставата гради специфичен јазик и една
надреална димензија на односи помеѓу ликовите. Духовитоста на оваа „трагедија“ ги
руши рамките на стандардното гледање и доживување на делото и на брехтовски
начин, заедно со музиката и едноставноста во сценографијата, оваа претстава станува
коментар на лицемерното време во кое живееме.


