СИТЕ ПРЕКРАСНИ НЕШТА

Автор: Ана Ристоска - Трпеноска (Според монодрамата на Данкан Мекмилан)
Режија: Нела Витошевиќ
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 08.06.2025
Сценограф: Васил Христов
Костимограф: Моника Гачева
Избор на музика: Нела Витошевиќ
Дизајн на плакат: Дамјан Момировски
Играат:
Ефтим Трајчов Ѓаурски
Стефанија Митовска
Марија Минчева Андонов
Милорад Ангелов
Анѓелка Нашкова
Никола Кузелов
Ава Хусеини
Клавир − Јована Гркова
Виолончело − Максим Нисев
Техничка екипа:
суфлер: Лида Рогожарева; светло: Методи Саздов, Ристе Стојановски и Владимир Љубосављевиќ; тон-мајстор: Димитар Влахов; гардеробер: Анита Несторова; декоратери: Горги Чапов, Тоше Зафиров и Александар Талевски.
Времетраење: 80 минути
Датум на премиера: 11 јуни 2024
„Сите прекрасни нешта“ е драма создадена по мотиви на истоимената кратка драмска форма на Данкан Мекмилан. Во оваа новосоздадена драма, главниот лик, некогаш дете, сега 35-годишен човек, низ сеќавања го реконструира и оживува минатото како топла семејна приказна која балансира меѓу сите оние работи што го прават животот тежок, но и сите прекрасни нешта за кои вреди да се живее. Приказна за љубовта и загубата на најблиските луѓе во нашиот живот, која го отвора прашањето за нарушеното ментално здравје, ги прикажува борбата и последиците од неа во семејството, но истовремено зборува и за надежта, што го води човечкиот живот секогаш напред.
Претставата „Сите прекрасни нешта“ посочува на важноста на третманот на депресијата, анксиозноста и клиничката депресија во ерата на либералниот капитализам, како круцијален проблем со кој се соочува единката, растргната помеѓу притисокот на системот и социјалните стеги и стигми. Подигнувањето на свеста за менталното здравје е од суштинско значење за современиот живот и е исклучително важна општествена тема со која треба да се занимаваат театарот и воопшто уметноста денес.


