Награда за животно дело: Соња Михајлова
СОЊА МИХАЈЛОВА, актерка, е родена на 14 октомври 1958 во Битола. завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година. Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави, театарски дела на автори од светската класика, Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега и домашните автори − од Васил Иљовски, Ристо Крле, Антон Панов до нашите современици − Горан Стефановски, Петре М. Андреевски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски, Венко Андоновски… Во 40-годишната кариера создаде многу ликови во претстави и соработка со режисери од Македонија, како и гости режисери од екс-ју просторите, од Америка, Германија, Русија, Бугарија, Холандија, со исклучителен придонес кон македонското глумиште и македонскиот театар како дел од македонскиот културен идентитет.
Значајни улоги од актерскиот опус на ликови:
– Титанија во „Сон на летната ноќ“ − режија Слободан Унковски;
– Петра фон Кант во „Петра фон Кант“ − режија Деан Дамјановски;
– Васа Железнова во „Васа Железнова“ − режија Красимир Спасов;
– Маркиза де Мартеј во „Опасни врски“ − режија Дејан Пројковски;
– Цезар во „Јулие Цезар – res publica или cosa nostra“ − режија Златко Паковиќ;
– Ворик во „Хенри Шести − трет дел“ − режија Џон Блондел;
– Тиресија во „Бакхи“ − режија Игор Вук Торбица;
– Ана-мајката во „Мајка“ − режија Благој Мицевски;
– Мајката во „Далај Мама“, режија Дејан Пројковски;
– Цвета во „Балканот не e мртов“ − режија Сашо Миленковски;
– Мирса во „Бегалка“ − режија Љупчо Ѓоргиевски;
– Султана во „Лет во место“ − режија Ненад Витанов;
– Г-ѓа министерка во „Г-ѓа Министерка“ − режија Златко Свибен;
– Голде во „Свирач на покривот“ − режија Јовица Павиќ;
– Роксана во „Сирано де Бержерак“ − режија Љубиша Ѓоргиевски;
– Мартирио во „Домот на Бернарда Алба“ – режија Владо Цветановски
и остварени ликови во значајни театарски претстави за афирмација на македонскиот театар со современа театарска естетика како:
– „Хамлетмашина“ и „Д-р Фауст“ − режија на Андраш Урбан;
– „Подземна Република“ − режија Владо Цветановски;
– „Печалбари“ − режија Бранко Брезовец;
– „Животот на цезарите“ − колективна режија на режисери од Германија;
– „Тимон од Атина“ − режија Бранко Брезовец.
УЛОГИ на ТВ и филм:
– Taса во „Бушава азбука“ – едукативна ТВ-серија;
– Мајката во „Девојките на Марко“ – играна ТВ-серија;
– „Ѕвездите на 42-та“ – ТВ филм;
– „Трговецот од Солун“ –ТВ-филм;
– „Што сонува кучето“ – ТВ-филм;
– „Марија Кири“ – ТВ-филм;
– „Североисточно од југозапад“ – ТВ-драма;
– „Jужната патека“ – игран филм;
– „Кум“ – игран филм;
– „До балчак“ – игран филм;
– „Kaјмак“ – игран филм;
– „Турбо Нет“ – краток филм.
Учество во меѓународни театарски проекти:
Стокхолм, Шведска – Светски град на културата, проект Еуралиен „Landskape X“;
Циркус Европа – проект, копродукција; Македонија, Шведска, Унгарија, Бугарија;
Независни театарски проекти:
„Хеда 2000“
„Со игра против насилството“ – проект за млади.
НАГРАДИ и ПРИЗНАНИЈА
1.Награда „Ристо Шишков“ за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ – Струмица, за улогата на Петра фон Кант во претставата „Петра фон
Кант“.
2.Награда за млад актер, за улогата на Сандра Заум во претставата „Магна карта“, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
3. Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сандра Заум во претставата „Магна карта“ на МТФ „Војдан Чернодрински“;
Награда за најдобра женска епизодна улога за Мирса во „Бегалка“, МТФ „Војдан Чернодрински“.
4. Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цвета во претставата „Балканот не е мртов“ на МТФ „Војдан Чернодрински“.
5. Награда „Златна маска“, Интернационален фестивал „Охридско лето“. Најдобро актерско остварување за улогата на Голде во претставата „Свирач на покривот“.
6. Награда за најдобро актерско остварување на ИФАД „Стоби“ за улогата на Јулие Цезар во „Јулие Цезар – res publica или cosa nostra“.
7. Признание од македонското научно друштво – Битола за висок уметнички придонес во театарската уметност, филмот и културата….
8. Повеќекратен добитник на признание за најуспешна личност од областа на културата за Битола.
9. Од портретот за актерот, осврт од театарскиот критичар Тодор Кузманов за „Македонско глумиште“.
„С. Михајлова, актерка чија сценска поетика се одликува со строгост во изразот, прецизност во разработката на ликовите која фасцинира, стаменост и непоколебливост. Со жар и страст се бори за секој свој лик растајнувајќи го со минуциозна анализа и посветеност. Во нејзината сценска појава се препознава грациозност од архаичен стил, но се чита и суптилност од понов стил кој ја прави погодна и подобна и за современиот, модерен тип на актерска игра.“