РАЦИН

Автор: КОСТА СОЛЕВ РАЦИН
Режија: Дејан Пројковски
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 11.06.2025
Драматург: Сашо Димоски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Раде Василев и Елена Вангеловска
Композитор: Сашко Костов
Кореографија и сценски движења: Васил Зафирчев
Изведба на музика во живо: Сашко Костов и Орхидеја Дукова
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Играат:
Исидор Јованоски − Рацин
Васил Зафирчев − Сенка
Талија Настова − Рахилка
Славица Манаскова − Невенка
Весна Димитровска − Марија
Јордан Витанов − Куршум
Кети Борисовска − Книга/ Мастилница
Кристина Зафирова − Лист од тутун
Благојчо Стојанов − Грнчарско тркало
Илин Јовановски − Перо
Леонида Гулевска − Знаме
Орхидеја Дукова − Крв
Илин Јовановски, Бранко Михајловски, Тодор Стојковски − богомили
Илина Чонкова, Бранко Михајловски/ Филип Христовски, Тодор Стојковски/ Кире Ацевски, Илин Јовановски, Кети Борисовска, Славица Манаскова, Талија Настова, Кристина Зафирова, Благојчо Стојанов − народ
Техничка екипа:
инспициент: Славиша Ѓеоргиев; технички раководител: Никола Игнов; тон-оператор: Лазо Теов; светло-мајстор: Зоранчо Јордев, Марјан Тодоровски; гардеробери: Јулија Ангеловска, Елена Кочановска; реквизитер: Благој Илиев; декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Роберто Карадаковски.
Времетраење: 100 минути
Датум на премиера: 30 јули 2024
Претставата „Рацин“ нема цел да ги прикаже фактите онакви какви што историјата ги пренесла, а културата ги кодирала во себе, целта е тие да се обојат со автентичен рефлектор, да се фрли светлина врз митологизираниот Рацин, да се деконструира, да се демитологизира и да се дадат неколку возможни одговори на прашањето: Што нам денес ни значи Рацин? Претставата е повеќе рефлексија отколку нарација, повеќе фрагмент отколку целина, повеќе антитеза отколку теза – Рацин од денес, тргнат кон секое возможно утре.


