СИТЕ НАЈУБАВИ НЕШТА

Продукција: „ОХО ПРОДУКЦИЈА“ − СКОПЈЕ

Автор: Данкан Мекмилан

Режија: Дејан Пројковски

на 07.06.2025

Игра:

Игор Ангелов

 

Техничка екипа:

Огнен Поповски

 

Времетраење: 75 минути

Датум на премиера: 1 октомври 2024

 

Оригиналниот наслов на текстот е „Every Brilliant Thing”, напишан од еден од најактуелните современи  британски автори − Данкан Мекмилан, кој е мајстор во портретирањето на социо-политичките и социо-психолошките проблеми во неговите драми.

Монодрамата „Сите најубави нешта“ претставува ведро и духовито патување низ животните лузни на еден човек, кој правејќи го списокот со сите најубави нешта за кои вреди да се живее, театарскиот простор го претвора во утроба од која се раѓа колективната надеж, простор каде што шлаканиците на животот колективно се трансформираат во нежно милување и тивок шепот дека не сме сами во она што ни се случува, дека се имаме едни со други.

Запознавајќи ја публиката со неговото милениче, неговата најголема љубов, неговата фамилија, психичките проблеми на својата мајка и траумите кои доаѓаат со тоа, протагонистот го руши четвртиот ѕид на еден досетлив, скокотлив начин  и почнува да ги меша реалноста и фикцијата, потенцирајќи дека сѐ убаво и сѐ лошо што ни се случува е природно, ни припаѓа на сите еднакво, суптилно прелевајќи го животот во театар и обратно.