12

Автор: По мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз
Режија: Синиша Ефтимов
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 6.06.2025
Асистент на режија: Борјан Стојков
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Александар Ношпал
Асистент на костимографот: Никола Булески
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Музика: ПМГ Колектив
Играат:
Ѓорѓи Јолевски
Гораст Цветковски
Тони Михајловски
Никола Ристановски
Благој Веселинов
Александар Микиќ
Игор Џамбазов
Јордан Симонов
Сенко Велинов/Нино Леви
Оливер Митковски
Владо Јовановски
Сашко Коцев
Техничка екипа:
инспициент: Саво Ивановски; суфлер: Тања Ивановска; лектор на текстот и на програмскиот каталог: Тодорка Балова; раководител на маркетинг: Сандра Стојмирова; раководител на финансии: Кристина Ацковска; технички раководител: Гунтер Кубе; координатори на техничките служби: Ивица Урдаревиќ и Југослав Ацески; фотограф: Кире Галевски; уредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана Јарчевска; дизајнер на плакатот и програмскиот каталог: Сара Митова; инженер на светло: Даниела Атанасова; дизајнери на светло: Мартин Манев и Дарко Младеновски; техничар за светло: Горјан Темелкоски; дизајнер на звук и тон-мајстор: Стефан Михајловски; манипулант на долен погон: Васко Бојаџиски; реквизитер: Соња Крстевска; гардеробери: Скендер Бериша, Валентина Чонкова и Елизабета Стамчевска; шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника Вучковиќ; декоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Мартин Китановски, Ибрахим Рамановски, Нерхан Османовски, Хусеин Халили, Зекирија Алим и Дурмиш Сефер; изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар), Дарко Дуковски (вајар), Зоран Миновски (бравар) и Илија Николовски (столар).
Времетраење: 90 минути
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+
Датум на премиера: 20 ноември 2024 година
Живееме во лудa доба. Нонстоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата револвира во неверојатно совршен круг, а ние, намерно или ненамерно, иако многу добро ја знаеме траекторијата, забораваме да научиме што било од искуството. Како последица, цивилизациски девалвираме. Забораваме зошто сме овде. Или можеби никогаш вистински не дознавме. Оправданија и олеснителни околности ни се омилени орудија. Покажување со прст, омилен тренинг на цивилизацијата. Огледалото не постои за рефлексија на сопствените постапки, туку само како средство за задоволување ниски страсти и суета. Во слободно време, од удобноста на нашите домови, се бориме и за правда, еднаквост и за слобода. А слободата е болест, пријатели. Вирус. Комфорна зона. Од таа позиција креираме лажна иднина, празни приказни за нашите деца. Претставата „12“ е декларација на нашата неспособност. Некомпетентност! Само бледа опција, сред духовна корупција. Дали сме тука само да ја раскажеме нашата приказна? Имам свои сомнежи. Колку чини човечкиот живот? Верувам во волјата да се преживее. Но не и во истребување. Дали вербата е доволна. Дали воопшто може да веруваме? И кому? Можеби и не сме толку битни. Може да нѐ снема за миг. Бесот е блуткаво недоразбирање. Мост кон островот на изневерени очекувања. Претставата „12“ е предговор за сите наши потфрлања.
Синиша Евтимов


