МТФ 38 (2003)

38-от Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 13.06.2003 – 20.06.2003.

На фестивалот беа прикажани вкупно:

  • 12 претстави во официјалната програма и
  • 8 претстави во придружната програма.

Селектор на фестивалот: Сашко Насев.

Жири: Искра Гешоска, Никола Ристановски, Благоја Спиркоски-ЏумеркоЏумерко,Снежана Стамеска, Иван Џепароски.

Организациски одбор

 

Совет на МТФ:
Кирил Ристоски (претседател),
Лилјана Велјановска,
Петар Величковски,
Снежана Конеска-Руси,
Атила Клинче,
Трајче Кацаров,
Ванчо Мелев,
Младен Крстевски,
Стојан Дамчески,
Љупчо Ѓоргиевски,
Љубомир Чадиковски,
Бајруш Мјаку.

Извршен одбор на МТФ:

Кирил Ристоски (претседател),
Лилјана Велјанова,
Снежана Конеска-Руси,
Љупчо Ѓоргиевски,
Трајче Кацаров.

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на

  • Рада Петрова-Малкиќ (костимографка) и
  • Ацо Алексов (режисер).
  1. НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН НА ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ на Христо Бојаџиев и Владо Ѓоревски за дизајнот од претставата „НА ДНОТО“ во изведба на Народен театар, Битола,
  2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Александар Илиев за кореографија и сценски движења во претставата „ДОМОТ НА БЕРНАРДА АЛБА“ во изведба на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес,
  3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Марјан Неќак за музиката во претставата „КОЛКУ ПАТИ ЌЕ УМИРАМЕ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА не е доделена.
  5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Крсте С. Џидров за сценографијата во претставата „КОЛКУ ПАТИ ЌЕ УМИРАМЕ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  6. НАГРАДА ЗА СЦЕНСКА АДАПТАЦИЈА не е доделена.
  7. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НА СОВРЕМЕНА ДОМАШНА ДРАМА не е доделена.
  8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Филиз Ахмет за улогата Девојчето во претставата „КУЌА НА ГРАНИЦА“ во изведба на Театар на народностите — Турска драма, Скопје,
  9. НАГРАДА ЗА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Зорица Панчиќ за улогата Мартирио во претставата „ДОМОТ НА БЕРНАРДА АЛБА“ во изведба на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес,
  10. НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
    • Атила Клинче за улогата Човекот во претставата „КУЌА НА ГРАНИЦА“ во изведба на Театар на народностите — Турска драма, Скопје,
    • Бедија Беговска за улогата Свекрвата во претставата „КУЌА НА ГРАНИЦА“ во изведба на Театар на народностите — Турска драма, Скопје и
    • Верица Недеска за улогата Небеска Тимјанова во претставата „КОЛКУ ПАТИ ЌЕ УМИРАМЕ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  11. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Владимир Милчин за претставата „КОЛКУ ПАТИ ЌЕ УМИРАМЕ“ во изведба на Народен театар, Битола,
  12. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „КУЌА НА ГРАНИЦА“ во изведба на Театар на народностите — Турска драма, Скопје,
  13. ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ЗА СЕВКУПЕН УМЕТНИЧКИ РЕЗУЛТАТ (ДОДЕЛЕНА ОД ВЕСНИКОТ „НОВА МАКЕДОНИЈА“) на претставата „Баханалии“ во изведба на Народен театар, Суботица, Република Србија.

Настани во придружната програма


 


 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави