МТФ 5 (1969)

5-те Театарски Игри „Војдан Чернодрински“ се одржа во периодот: 07.06.1969 – 16.06.1969.

На театарските игри беа прикажани вкупно:

  • 5 претстави во официјалната програма и
  • 3 претстави во придружната програма.

Жири: Димитрие Османли (претседател), Илхами Емин, Благоја Андреев.

Организациски одбор

Одбор за организација:
Кире Стефаноски (претседател),
Михајло Михајлоски (секретар),
Димче Стефановски,
Драги Топчиевски,
Драги Димовски,
Ѓоре Напески,
Бранко Илиески,
Рампо Конески,
Данчо Коложегоски,
Димче Атанасоски.

Доделени награди

  1. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Блажо Киров за костимите во претставата „СМЕА НИЗ СОКАЦИТЕ“ во изведба на Народен театар, Струмица,
  2. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Чедо Христов за сценографијата во претставата „СМЕА НИЗ СОКАЦИТЕ“ во изведба на Народен театар, Струмица,
  3. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Трајче Иваноски за улогата во претставата „РОБОТ И АГАТА“ во изведба на Народен театар, Прилеп,
  4. НАГРАДА ЗА АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ на
    • Анастас Миса за улогата во претставата „ПТИЦИ БЕЗ ЈАТО“ во изведба на Народен театар, Куманово,
    • Александар Думов за улогата во претставата „СМЕА НИЗ СОКАЦИТЕ“ во изведба на Народен театар, Струмица,
    • Елица Кирова за улогата Госпоѓа Јаниќ во претставата „ПОЛИТИЧКО ВЕНЧАВАЊЕ“ во изведба на Народен театар, Штип,
    • Љубиша Трајковски за улогата во претставата „ЧЕКОР ДО ЕСЕНТА“ во изведба на Народен театар, Битола и
    • Благоја Алексовски за улогата Садрија во претставата „РОБОТ И АГАТА“ во изведба на Народен театар, Прилеп,
  5. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Бранко Ставрев за претставата „СМЕА НИЗ СОКАЦИТЕ“ во изведба на Народен театар, Струмица,
  6. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „СМЕА НИЗ СОКАЦИТЕ“ во изведба на Народен театар, Струмица.

Настани во придружната програма


 


 

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

Слични Објави