|

МТФ 60 (2026)

Храбриот нов театар

Насловот на денес култниот роман на Хаксли – „Храбриот нов свет“ (1932) е инспириран од репликата на Миранда во Шекспировата „Бура“: „О, чудо! Колку прекрасни суштества! / Ах, колку прекрасни биле луѓето! / И колку си среќен со нив, во Новиот Свет!“ 

Мотото на годинешното јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп логично произлезе од оваа конекција бидејќи интимниот восклик на Миранда станува ироничен коментар на новото време преку романот на Хаксли. Играта со зборови во која театарот е светот, поточно светот е театар, е само природен резултат на она што нашиот фестивал го гради со години. Кога се слави голем јубилеј како што се шеесет години на најстариот и најзначаен театарски фестивал во Македонија, треба да се биде храбар и да се бара нешто ново, нешто што е потреба по еден, ајде да го наречеме, период на барање на својата естетика. Слично како во светот на Хаксли, нашиот театар е диктиран од одредена политичка констелација. Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата рамнодушност да му го заземе местото на театарот без желба да менува или да провоцира. Логично е по претходните фестивалски изданија, водени од мотивите „Враќање дома“, „Промени се, промени сè“ и „Смеј се и осмели се“, да ја бараме главната нишка на театарската и уметничка дејност преку храброста врз основа на антиутопистичката идеја. Хаксли напиша научна фантастика која, за жал, денес се гледа како упатство за употреба или како не требаше да дозволиме светот да оди во некои насоки. Наместо предупредување, „Храбриот нов свет“ само ја потврди реалноста на светот што оди во некои сосема непотребни насоки. Ироничната нишка на ова мото е можеби најхрабриот чин на фестивалот. Да се излезе од комфор-зоната и да се даде визија за тоа каков театар ни треба и каков фестивал треба да го следи тој театар.

Фокусот на јубилејното издание е еден своевиден мост меѓу почитта кон минатото и отворањето на можностите на иднината. Мост меѓу традицијата што ја наследуваме и иднината што ја креираме. Шеесетгодишниот јубилеј е точката во која се спојуваат минатото и иднината, традиционалната театарска приказна и новата виртуелна реалност, со надеж дека кога ќе излеземе од комфор-зоната, ќе можеме да се охрабриме да го креираме нашиот нов свет/театар. Храбриот нов театар е нашиот крик против поларизацијата, против рамнодушноста и против некреативноста!

Нека ни е среќен јубилејот, нека ни се множат годините, нека фестивалот остане секогаш храбар и нов, секогаш со сила и моќ да го менува својот свет! Среќна 60-ка!

Организациски одбор

Уметнички директор:
д-р Ана СТОЈАНОСКА

Секретар на МТФ:

Aнгела СТОЈАНОВСКА

Продукциски координатор: 

м-р Петар АНТЕВСКИ

Координатор на протокол и волонтери: 
Милош АНДОНОВСКИ 

Односи со јавност: 
Сребра ЃОРЃИЈЕВСКА

Координатор на придружна програма:
Ѕвонко ДИМОСКИ 

Координатор за гостопримство:
Андреа МАРКОСКА 

Локациски менаџер:                                                                                                                   Рамона Моња КОЧИШКА

Социјални медиуми:                                                                                                   
Тина МИНОВСКА

Собрание на МТФ:
Осман Али – НУ Турски Театар – Скопје
Роберт Вељановски – НУ Драмски Театар – Скопје
Фросина Карловицс – НУ Театар за деца и младинци – Скопје
Никола Кимовски – НУ Македонски народен театар – Скопје
Сашо Кокаланов – ФДУ – Скопје
Васко Мавровски – НУ Народен Театар – Битола
Драган Маџиров– НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
Хасим Мемиши – НУ Тетовски театар – Тетово
Марија Попова Јованоска – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Хисмет Рамадани – НУ Албански Театар – Скопје
Пеце Ристевски – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип
Дарко Јан Спасов – НУ Театар „Комедија“ – Скопје
Жарко Спасовски – НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес
Горан Стојановски – НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид
Сашо Тодоровски – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово
Дијана Тоска – НУ Албански театар за деца и млади – Скопје

Доделени награди

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО се доделува на:
  • Сашо Миленковски
  • Атила Клинче
  • Веби Ќерими
  • Љубомир Чадиковски

Жирито беше во состав: Снежана Коневски Руси, претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ. Не се доделени следните награди: за рекламен материјал, за кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и адаптација и за современ драмски текст.
1. Награда за рекламен материјал не се доделува.
2. Награда за кореографија и сценски движења не се доделува.
3. Награда за музика „Филип Стевановски“ се доделува на Ирена Поповиќ Драговиќ за музиката во претставата „Страв и надеж“ во изведба на НУ МНТ Скопје.
4. Награда за костимографија се доделува на Марија Пупучевска за костимите во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
5. Награда за сценографија се доделува на Валентин Светозарев за сценографија во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
6. Награда за современа сценска драматизација и адаптација не се доделува.
7. Награда за современ драмски текст не се доделува.
8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ се доделува на Јеткин Сезеир за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.
9. Награда за млада актерка се доделува на Сара Спиркоска за улогата на Неда во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
10. Награда за женска епизодна улога се доделува на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Марија во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар Скопје.
11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се доделува на Александар Степанулески за улогата на Симон во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар Скопје
12. Награда за главна женска улога се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата на Констанца во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.
13. Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ се доделува на Димитар Ѓорѓиевски за улогата на Фезлиев во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
14. Награда за режија се доделува на Дејан Пројковски за режијата на претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
15. Награда за уметничко остварување на претставата во целина се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „Страв и надеж“ според Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат.

Настани во придружната програма 

  • 05.6. – 11.6.2026 Изложба – 60 години МТФ „Војдан Чернодрински“
  • 05.6. – 11.6.2026 – Детска зона: „Чернодрински за деца“ – поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и „Јавен простор Прилеп“
  • 07.6.2026 – Изложба – Автор во фокус Дејан Дуковски (постери од претстави) и Промоција на книгите „Драми“ 1 и 2 од Дејан Дуковски, издание на „Арс Ламина“
  • 08.6.2026 – Научна трибина – „Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк: театарот и општеството“
  • 10.6.2026 – Научна трибина: „Современ ли е современиот македонски театар? Меѓу локалната инерција и глобалните сценски текови“
  • 11.06.2026 – Панел-дискусија: „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“

Претстави во официјалната програма

Претстави во придружната програма

БИЛТЕНИ 2026

БИЛТЕН 1

БИЛТЕН 2

БИЛТЕН 3

ВИДЕА 2026

Седми ден

Затворање на фестивалот

Слични Објави