НОСОРОЗИ

Продукција: НУ Албански театар - Скопје

Автор: Ежен Јонеско

Режија: Васил Василев

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 9.06.2026

Режија: Васил Василев
Сценограф и костимограф: Мариа Кунчева
Кореографија и дизајн на светло: Росен Михаилов
Музика: Милен Апостолов

Играат:
Шкелќим Ислами
Абедин Алими
Гентиана Рамадани
Висар Етеми
Осман Ахмети
Вјолца Бектеши Хамити
Музбајдин Ќамили
Аида Алидеми Лајчи
Аида Елези
Блерим Дарлишта
Дрита Каба Карага
Генци Мирзо
Бејтула Ќерими
Едлир Османи
Нихал Беџети
Хегем Етеми

Техничка екипа: технички раководител – Бујар Муча, раководител на сцена – Ибрахим Џемаили, изработка на сценографија – Фарук Локи, кројачи – Хулја Рустеми и Баки Курти, инспициент – Едлир Османи, суфлер – Нихал Беџети, светло – Хилми Муча, тон – Нади Беџети, манипулант – Бурим Дестани, реквизитер – Сулејман Ибраими, декоратери – Џанер Мусиќ и Ремзи Алили, гардеробери:- Атиџе Демири и Кадрије Авди, шминка – Седат Сефа.

Времетраење: 105 минути
Датум на премиера: 20 декември 2025

„НОСОРОЗИ“ е предупредување за кревкоста на човечкиот индивидуалитет и за опасната привлечност на колективната свест. Драмата се развива како кошмарно патување низ современата социјална хипноза – свет во кој претворањето во ѕвер не е биолошки, туку психолошки и идеолошки процес.

Главниот фокус на претставата е тензијата што произлегува од судирот меѓу човечкото и ѕверското, битката да се остане човек и да се зачува нашиот човечки лик, изграден врз љубовта и моралот.

РИНОЦЕРОСОТ не е само животно – тој е метафора за конформизмот, идеолошката заслепеност, насилството и апсурдниот ентузијазам кон моќта и толпата.