СТРАВ И НАДЕЖ

Автор: ФРАНЦ КСАВЕР КРЕЦ
Режија: Татјана Ригонат
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 10.06.2026
Режисер, адаптација на драмата и текст на сонгови:Татјана Мандиќ Ригонат
Преведувач на текстот: Александар Русјаков
Сценограф: Весна Поповиќ
Костимограф: Роза Трајческа
Музика: Ирена Поповиќ-Драговиќ
Дизајнер на видео: Јелена Тврдишиќ
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
Играат:
Сашко Коцев
Сашка Димитровска
Александар Микиќ
Дарја Ризова
Наталија Теодосиева
Никола Ристановски
Тони Михајловски
Тања Кочовска
Дамјан Цветановски
Нела Павловска
Корепетитор и пијано: Зоран Станишиќ
Музички координатор и виолина: Стефан Котевски
Кларинет: Никола Соколовски
Кахон: Милена Наумовска
Времетраење: 140 минути
Датум на премиера: 22 април 2026
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+
Заедно со нобеловците Елфриде Јелинек и Петер Хандке, Франц Ксавер Крец е жив класик на германското говорно подрачје, а со Бертолт Брехт — и најизведуваниот германски драмски писател. Крец е комплексна авторска личност: драмски писател, поет, сценарист, актер и режисер. Автор кој ги познава животите на пролетеријатот, работниците, т. н. „мали луѓе“, понижените и навредените, кои системот ги експлоатира на различни начини. Тие луѓе се жртви на системот во кој живеат. Според зборовите на Крец: „Капитализмот и демократијата се, всушност, меѓусебно исклучиви. Капитализмот е догматска и тоталитарна идеологија.“ На забелешките дека неговите драми се премногу екстремни за да бидат реалистични, Крец одговорил: „Токму спротивното. Реалноста е толку изопачена во својата немилосрдност што јас, како поет, останувам без зборови. Повеќе не може да се надмине стварноста. Најсуровите Шекспирови драми делуваат бледо кога ќе ги слушнете луѓето трауматизирани од војна. Јас сум љубител на екстремите. Колку поуспешно претерувам, толку е поголема веројатноста во тоа да има вистина.“


