СИНА СЕНКА

Автор: Брајан Рејнолдс
Режија: Тамара Стојаноска
Претставата се одигра на сцената на Камерна сала "Сцена 105" - НУЦК "Марко Цепенков на 11.06.2026
Режија: Тамара Стојаноска
Превод од англиски јазик: Сашо Огненовски
Оригинална музика: Мајкл Хукер
Музика за претставата и нови аранжмани: Лука Тошев
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа
Сценографија: Тамара Стојаноска
Изработка на специфични реквизити: Благој Илиев
Фотографија: Јордан Звездоски
Играат:
Кристијан Танчевски
Мина Јелушиќ Јериниќ
Бобан Алексоски
Сара Спиркоска
Ане Блажовски
Ема Лазарова
Кристијан Петковски
Стефан Арсиќ
Техничка екипа: тон-мајстор – Лука Тошев, светло-мајстор – Тамара Стојаноска.
Времетраење: 120 минути
Датум на премиера: 13 ноември 2025
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+
„Сина сенка“ е проект во соработка со американскиот автор Брајан Рејнолдс кој првпат се поставува во Македонија. Делото продира длабоко во реалноста на денешното општество, времето во кое опстојуваме, системот во кој живееме и начинот на кој тој систем создава насилство. Кој ги создава насилниците и кој има корист од нашиот страв? Претставата отвора прашања за тоа како медиумите нè трујат со лажни вредности, како фармацевтската индустрија и големите бизниси го користат човечкиот страв за поголем профит и како поединецот станува жртва, но и продукт на една болна општествена машина. Ова е современа приказна за човекот во системот, истовремено жртва и соучесник, борец и сенка. Може да се доживее и како ехо на култните драми за „малиот човек“, современ „Војцек“ или „Хинкеман“, каде што хуманоста се губи под тежината на стравот, контролата и манипулацијата. Претставата создава свет во кој реалноста и илузијата се преплетуваат, а секоја сцена пулсира со прашањето дали навистина живееме или само преживуваме? „Сина сенка“ не завршува со спуштањето на завесата, туку продолжува во секојдневието, во вестите, на улиците, во тишината со која го прифаќаме апсурдот како нормален. Но вистинската борба не е само против системот, туку против стравот во нас. Претставата нè води таму каде што започнува секое насилство, во човечката свест, во нејзината сенка.
Тамара Стојаноска



