МАЧКИНА ГЛАВА

Продукција: НУ Драмски театар - Скопје

Автор: Венко Андоновски

Режија: Дејан Пројковски

на 5.06.2026

Режија: Дејан Пројковски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Асистент на костимограф: Марија Ѓоргиевска
Скулптор: Ангел Петровски
Музика: Горан Трајкоски

Играат:
Рубенс Муратовски
Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Филип Трајковиќ
Александар Степанулески
Сара Климоска
Игор Ангелов
Сања Арсовска
Златко Митрески
Предраг Павловски

Техничка екипа: фотограф – Драган Гајиќ, дизајнер на плакат – Горјан Донев,  инспициент – Жарко Намичев, суфлер – Милка Анчевска.

Времетраење: 120 минути

Кога човек денес ќе го погледне светот, се прашува – можна ли е воопшто театарска претстава? На театарската сцена на планетава масовно се лее крв, како да е сок од капини на театарската сцена. А сокот од капини е само симулација на крв. И целиот свет, и Исток и Запад, се повикува на општочовечки вредности, а сите се управуваат според начелото на егоизмот – сѐ за мене и ништо за другите. Сокот од капини е општочовечка вредност, крвта не е – таа е најличен отпечаток на една посебна личност и нејзиниот најприватен живот, и затоа сите имаме своја лична лабораториска крвна слика.
„Мачкина глава“ ме привлече зашто ја открива таа измама – која „општочовечка“ денешна идеја и идеологија води сметка дека уништува персоналитети, индивидуи, посебни и неповторливи личности? Денес живееме во свет кој едно проповеда (митот за светското братство), а друго прави – идејата за светско братоубиство, во невидени размери. Колективни Каин и Авел. Дополнителен предизвик ми беше што текстот е напишан со желба да видиме како би изгледало „Диво месо“ на големиот Горан денес?
И за крај: ако светот прави едно, а проповеда друго, тогаш тој е мачкина кашлица. Која е главата на таа безвредна ситуација? Кој кашла? Мачкината глава, една и иста, без лична физиономија. Се разбира, тие идеи на текстот јас ги кодирав во мој сценски јазик. Не ја сакам неизвесната прогноза „ќе видиме што ќе излезе“, затоа велам – ќе видите што ќе излезе. Театарот, како дел од светот, постои за народот, а не обратно: не постојат народите (и неповторливите личности) за да учествуваат во трагичниот театар на нашиот свет.
Дејан  Пројковски