АМАДЕУС

Автор: Петер Шефер
Режија: Андреј Цветановски
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 8.06.2026
Режија: Андреј Цветановски
Сценограф: Сергеј Светозарев
Костимограф: Раде Василев
Сценски движења и кореографија: Дамјан Цветановски
Дизајн на светло: Игор Митревски
Играат:
Јеткин Сезаир
Селпин Керим
Слаѓана Вујошевиќ
Аксел Мехмет
Џенап Самет
Бурханедин Ибрахим
Емине Халил
Озан Илдрис
Игбал Саидова
Техничка екипа: Ердинч Рушид, Бекир Кубур,Емрах Џемаили, Мухамед Бакиовски, Нериман Шенѓулер, Севиме Керим,Зекирија Абди, Суат Рахман, Изудин Беговиќ, Дин Ибрахим, Џенгиз Халил, Булент Хасан.
Времетраење: 120 минути
Датум на премиера: 23 јули 2025
Талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата. Може да се каже дека талентот е неоспорна константа имуна на абеж од времето. Генијалноста на еден човек во едно поле, не може да се сокрие, заради малиот број на универзално прифатени генијалци.
Во полето на музиката, еден од малкуте кои го задолжиле човештвото со своите композиции и оставиле печат на своето време е Волфганг Амадеус Моцарт. Но не и признание од своите современици. Освен од еден. Антонио Салиери, неговиот вечен непријател, е единствениот човек кој ја препознава неговата генијалност. И зарадитаа генијалност тој станува негов најголем непријател. Салиери, го носи проклетсвото да ја познава музиката толку добро да може да го препознае божественото во Моцарт, но никогаш да не создаде нешто толку совршено.
Талентот и разумот не се сврзани еден со друг и не се развиваат секогаш заедно и не треба да се бараат заедно. Во целиот обид на претставување на тоа е и нашата работа во оваа претстава и славење на талентот и разумот како два различни принципи. Борбата на овие две работи е вечна и универзална.
Андреј Цветановски
Режисер



